Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Генерално собрание на АБНА – ЈИЕ во Трст, Јаневски реизбран за член на Управниот одбор

„Балканот се сретна во Трст“ беше темата на годинешната меѓународна дводневна конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Балканот се сретна во Трст“ беше темата на годинешната меѓународна дводневна конференција на Асоцијацијата на балканските новински агенции – Југоисточна Европа, што се одржа во Трст, Италија, во организација на италијанската новинска агенција АНСА.

На конференцијата, директори и главни уредници на членките на АБНА – ЈИЕ, како и политички претставници од регионот и медиумски експерти, дебатираа за улогата на новинските агенции во јакнењето на регионалната соработка, зачувување на слободата на медиумите и справување со дезинформациите.

Извршниот директор на АНСА, Стефано де Алесандри, досегашниот генерален секретар на АБНА – ЈИЕ и директор на бугарската новинска агенција БТА, Кирил Валчев, и претседателот на АБНА – ЈИЕ и заменик-директор на Федералната новинска агенција на БиХ (ФЕНА), Илија Муса, се обратија на неколку панели и се осврнаа на слободата на медиумите укажувајќи на клучните предизвици со кои се соочуваат новинарите во регионот.

Реклама

Конференцијата во Трст се одржа во рамките на 34. Генерално собрание на АБНА – СЕ.

На Собранието беа донесени буџетот и програмата за работа на АБНА – ЈИЕ за 2026 година, а беа реизбрани и членовите на Управниот одбор. Учесниците го разрешија Кирил Валчев од функцијата генерален секретар на АБНА – ЈИЕ на негово барање поради неговата кандидатура за заменик-претседател на Бугарија на претстојните претседателски избори во октомври годинава. На негово место е избрана Евгенија Друмева, која ќе ја извршува и функцијата генерален директор на БТА. Мандатот на Друмева во АБНА – ЈИЕ е две години.

Следната година домаќин на годишното собрание на новинските агенции од Балканот и од Југоисточна Европа е босанската новинска агенција ФЕНА.

Во АБНА – ЈИЕ членуваат 11 новински агенции – МИА, АТА, „Анадолија“, БТА, ФЕНА, ЦНА, АНА – МПА, „Косова прес“, МИНА, „Аџерпрес“ и АНСА. На 30. Генерално собрание, кое се одржа во Бургас, Бугарија, во 2022 година, АБНА – ЈИЕ, од неформална организација, која функционира над 30 години, стана и формално Асоцијација, здружение регистрирано како правно лице со свој статут и правила на однесување на сите членки, но и критериуми, кои треба да ги исполнат оние што во иднина сакаат да станат дел од оваа Асоцијација. На состанокот во Бургас беше изгласан Статутот, кој е креиран врз основа на правниот документ на Европската алијанса на новинските агенции, со што всушност АБНА – ЈИЕ во своето работење се приближува кон европските стандарди и правила на ЕУ.