Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Генерален штрајк на 400 приватни специјализанти, министерот не е загрижен

Останува неизвесно дали од утре приватните специјализанти ќе го прекинат штрајкот. Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Останува неизвесно дали од утре приватните специјализанти ќе го прекинат штрајкот. Владата им дала ново ветување дека на утрешната владина седница ќе одлучува дали ќе им потпише гараниција за повисоки плати. Докторите се надеваат дека ќе се изнајде решение. Тие потенцираат дека изборниот процес не е пречка за исполнување на нивните барања.

Клиничкиот центар Мајка Тереза денеска функионира со преполовени лекарски тимови поради штрајкот на приватните специјализанти. Незадоволството на повеќе од 400-тини млади доктори е огромно, тие велат дека во знак на револт нема да прегледуваат и лекуваат пациенти, ниту пак ќе дежураат.Но оваа алармантна сосотјба во најголемиот клинички центар – министерот за здравство не го загрижува. На ваков радикален чекор приватните специјализанти се одлучиле бидејќи и покрај 6 месечните континуирани барања за поголема плата од речиси минималните 26.000 денари властите немале слух. Работат без здравствено осигурување, а платените дежурства им доцнат 4-5 месеци.

Според министерот за здравството, барањата на специјализантите се со полтичка позадина, но сепак, после изборите ќе се изборел за нивните барања.

Реклама

“После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи”, рече Демири.

Во државата има околу 1.000 приватни специјализанти, од кои 400-тини специјализираат и работат на Клинички.