Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Гаши за најавите на опозицијата за блокада на законот за правична застапеност: Ги повикувам сите пратеници да работиме заедно за подобар закон

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ги повика сите пратеници да покажат конструктивност и заеднички да работат во насока на донесување на подобар закон за правична застапеност.  За најавите на опозицијата дека ќе го блокира законот, Гаши денеска одговарајќи на новинарски прашања, по презентацијата на извештајот за неговата двoгодишна работа, нагласи дека што се однесува до […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ги повика сите пратеници да покажат конструктивност и заеднички да работат во насока на донесување на подобар закон за правична застапеност. 

За најавите на опозицијата дека ќе го блокира законот, Гаши денеска одговарајќи на новинарски прашања, по презентацијата на извештајот за неговата двoгодишна работа, нагласи дека што се однесува до најавите на опозицијата, тоа е начин како може да се дојде до поквалитетен закон.

– Можеме да дебатираме, да поднесуваме амандмани, да предлагаме, да повикуваме, имаме свикано јавна дебата, ќе ги слушнеме експертите, правниците, ајде да го подобриме законот, а не да го блокираме, не е тоа начинот. Не можеме да останеме имуни на навиките од минатото. Ќе ни треба уште повеќе време за менување на политичката култура. Јас ги повикувам сите пратеници да работиме заедно за подобар закон, не за блокада, тоа не е начин како би дошле до посакуваната цел, но сепак, пратениците, вклучувајќи ги и опозициските можат да ги употребат сите легитимни алакти кои ги имаат на располагање – рече Гаши. 

Реклама

Предлог на закон за соодветна и правична застапеност во прво читање е ставен на дневен ред на 104. седница на Собранието, в среда, на 10 јуни.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците минатата недела со девет гласови „за“ изгласа дека предлог на законот за соодветна и правична застапеност е прифатлив и проследен на понатамошно читање. Членовите на Комисијата, исто така, дадоа поддршка за одржување на јавна расправа по овој Предлог на закон.

Претходно Комитетот за односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ и двајца „против“, изгласа предлог-законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници. Пратениците од Европскиот фронт и Албанската лига сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер (потребно мнозинство од вкупниот број пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници), но нивниот предлог не беше поддржан од мнозинството.

Основната цел на предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна и применлива правна рамка за остварување на едно од темелните начела на уставниот поредок на земјата – соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции. Интенцијата е да се обезбеди доследна примена на овој принцип преку воспоставување јасни правила и механизми, кои ќе овозможат еднаков пристап до вработување и унапредување, како и фер и транспарентни постапки во јавниот сектор.

Воедно, се настојува да се постигне соодветен баланс помеѓу потребата од застапеност на припадниците на сите заедници во земјата, од една страна, и неопходноста од обезбедување на професионална, ефикасна и политички неутрална администрација, од друга. Законот е во прво читање и се носи во редовна постапка, а според најавите, пред да биде донесен за него треба да има јавна расправа.