Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Гаши во официјална посета на Вашингтон, ќе учествува на Националниот молитвен појадок

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 7 февруари ќе престојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 7 февруари ќе престојува во официјална посета на Вашингтон.

За време на посетата Гаши ќе учествува на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), еден од најзначајните традиционални настани во САД, и ќе оствари средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни партнерски организации, со фокус на зајакнување на институционалното и политичкото партнерство.

Во рамките на посетата претседателот на Собранието ќе се обрати на Форумот за безбедност во американскиот Конгрес, на кој ќе учествуваат лидери од европските земји и претставници на американскиот аконгрес, каде што ќе се дискутира за инвестициите во областа на одбраната, регионалната безбедност и трансатлантското партнерство. Гаши ќе биде дел и од панел-дискусијата на конференцијата Balkans Forward Summit, организирана од Атлантскиот совет.

Реклама

– Целта на посетата е продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави и унапредување на соработката во областа на демократијата, безбедноста и интеграциите – велат од собраниската прес-служба.