Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Гаши: Сите закони за кои е потребен Бадентер ќе бидат ставени на гласање, прашањето има повеќе политичка димензија отколку процедурална

Првата координација пред почетокот на новата собраниска сесија се одржа денеска, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата координација пред почетокот на новата собраниска сесија се одржа денеска, а претседателот на законодавниот дом Африм Гаши најави дека до крајот на септември ќе се одржат најмалку четири седници. Две се веќе закажани на 2 и 11 септември, и најверојатно уште две до крајот на месецот.

Предизвик за пратениците останува гласањето на законите за кои е потребен Бадентер, за коишто Гаши на брифиг со новинарите рече дека сите ќе бидат ставени на гласање, но оти не знае каков ќе биде исходот поради процедуралната блокада на опозициската ДУИ. Закони за кои е потребен Бадентер односно што се од особен интерес се законот за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа и други. 

-Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам ги преземам сите мерки. Јас сум во контакт со сите пратенички групи. Се обидуваме да дојдеме до решение. Ако прашањето навлегува во политичката сфера тогаш на друго политичко ниво се разговара. Се согласувам дека ова прашање треба да се реши, но оставам на политичките актери да го решат – рече на брифингот со новинарите претседателот Собранието.    

Реклама

На прашање дали лидерска средба би помогнала, Гаши рече дека не може да оценува би помогнала или не, но дека секогаш е за дискусија и за разговор. – Не можете да најдете решение ако не седнете да разговарате – рече претседателот на Собранието додавајќи дека дијалогот треба повеќе да се употребува како дел од политичката култура во државата, особено со опозицијата. 

На денешната координативна средба присуствувал заменик-координаторот на пратеничката група на ДУИ, но немало никаква најава дека повторно ќе има блокада од страна на нивните пратеници. – Тоа не е блокада, туку злоупотреба на Деловникот, но ќе видиме како ќе реагираат – рече Гаши. 

Во однос на тоа дали доколку блокадата продолжи ќе има предвремени парламентарни избори, рече дека вакви избори ќе има кога 61 пратеник ќе одлучат за распуштање на Собранието, но нагласи дека тој е поборник на идејата за редовни парламентарни избори и нема да дозволи злоупотреба на Деловник да предизвика парламентарни избори. 

– Не треба една злоупотреба на Деловник да предизвика предвремени избори, но тоа е политичка одлука и за тоа може да се решава и на друго ниво – рече претседателот на Парламентот. 

Гаши најави дека наскоро во Собранието треба да пристигне законско решение поврзано со барањата правосудниот испит да се полага и на албански јазик. 

Во однос на уставните измени рече дека нема информации за нов моментум, но дека Собранието е секогаш подготвено навремено да ги донесе потребните закони поврзани со Реформската агенда, но и доколку се донесе одлука за уставни измени.

Во следните месеци пристапот во околината на Собранието ќе биде отежнат поради градежните работи поврзани со изградбата на паркингот за пратениците и вработените.