Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Економија

Гаши: Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска соопшти дека Предлог- буџетот за 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска соопшти дека Предлог- буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември. 

Гаши на денешниот неделен брифинг со новинарите информира дека на 11 или 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата.

Околу измените на Изборниот законик, спикерот Гаши истакна дека сите координатори на пратеничките групи на денешната координација биле согласни дека треба да седнат и да разговараат за консезуално да се донесат овие измени. Потенцира дела доколку од Владата стигне некаков предлог за нов Изборен законик, тогаш Собранието ќе го стави во процедура.

Реклама

За распишувањето на изборите во четирите општини каде на претстојните локални избори немаше консензус, Гаши нагласи дека за оваа прашање разговараат со ДИК оти како што рече има нејаснотии.

Информира дека до 15 јануари следната година истекува мандатот на актуелниот состав на ДИК и оти со нив разговараат за да се преземаат сите чекори да можат да се спроведуваат како што треба изборите во четирите општини каде треба да се повтори изборниот процес.

Околу донесувањето на Законот за локална самоуправа, Гаши истакна дека се зависи од волјата на пратеничките групи и штом ќе има волја веднаш ќе биде ставен во собраниска процедура.

Гаши информира дека досега до Собранието не е поднесено најавената резолуција за црвените линии од претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Засега нема најава на отворање на Уставот по ниту едно прашање, потенцира Гаши одговарајќи на новинарско прашање околу мислењето на Венецијанската комисија дека потребни се уставни измени за поголема независност на Јавното обвинителство.