Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Гаши од Тирана: Реални можности дома се клучот за спречување на миграцијата

Претседателот на Собранието Африм Гаши учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше за улогата на дијаспората во демократскиот развој и институционалното застапување.

Во своето обраќање, претседателот Гаши ја нагласи важноста од справување со причините за миграција, подвлекувајќи ја потребата од креирање на одржливи политики што ќе обезбедат поголема застапеност на дијаспората во одлучувачките процеси. Тој, исто така, ја истакна потребата од градење реални можности за граѓаните, за да можат да го остварат својот интелектуален и професионален потенцијал во сопствената земја, како еден од клучните начини за спречување на миграцијата.

Во рамките на оваа посета, информираат од собранискат апрес-служба, претседателот на Собранието оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. На оваа средба беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и заедничката посветеност на патот кон европската интеграција. Соговорниците ја истакнаа важноста на регионалната соработка, разговарајќи и за политичките случувања и државотворната улога на Албанците во Македонија. Посебно внимание им беше посветено на инфраструктурните проекти како клучен елемент за зајакнување на врските меѓу земјите. Нагласено беше дека стратешкото партнерство со јасна евроатлантска ориентација, правилната соработка и меѓусебната поддршка остануваат главни столбови за понатамошното продлабочување на братските односи.

Реклама

За време на престојот во Тирана, претседателот Гаши оствари средба и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Нико Пелеши. Оваа средба, прва откако ја презеде функцијата претседател на Собранието, се смета за важен чекор во консолидирањето на меѓупарламентарната соработка. Соговорниците разговараа за напредокот и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, нагласувајќи ја улогата на собранијата во приближувањето на политиките, размената на искуствата и градењето одржлив институционален дијалог. Во оваа прилика, претседателот Гаши го покани својот колега на официјална посета на Скопје, со цел понатамошно продлабочување на соработката преку парламентарната дипломатија и заедничките иницијативи.