Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Гаши: Дигиталното насилство ги обесхрабрува жените да влезат и да останат во политиката и на долг рок го загрозува плурализмот на нашата демократија

Родовиот паритет во политичкиот живот не е прашање што се однесува само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родовиот паритет во политичкиот живот не е прашање што се однесува само на жените. Тоа е прашање кое го одредува квалитетот, легитимноста и репрезентативноста на секоја демократска институција. Парламент во кој недостасува гласот на половина од населението е парламент кој не ги слуша во целост потребите и приоритетите на своите граѓани, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на денешната тркалезна маса „Унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Македонија“,.

Според Гаши, во текот на изминатите децении, Собранието постигнало забележителен напредок во однос на застапеноста на жените

– Ова е резултат на законски реформи, но и на постојаната работа на телата на Собранието посветени на родовата еднаквост, вклучувајќи ја Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички. Сепак, бројките сами по себе не се доволни. Свесни сме дека политичкото учество на жените денес се соочува со нов, сериозен предизвик, а тоа е дигиталното насилство и дезинформациите насочени кон жените во политиката. Овој феномен ги обесхрабрува жените да влезат во политиката, ги напаѓа оние кои веќе се дел од неа, и на долг рок го загрозува плурализмот на нашата демократија. Затоа е неопходно овој проблем да се третира со истата сериозност со која се третира секое друго прашање на институционална безбедност и владеење на правото, истакна Гаши.

Реклама

Тркалезната маса во следните два дена ќе биде можност да се разговара за меѓународните и регионалните рамки за паритет, стереотипите и општествените норми кои го попречуваат политичкото учество на жените и за начините на кои институциите вклучително и самото Собрание, можат подобро да одговорат на сексизмот, вознемирувањето и насилството врз жените во политиката.

– Овој дијалог не треба да се сфати како критика упатена кон која било конкретна институција или политичка опција. Напротив, ова е покана за заедничка рефлексија и заедничка одговорност. Предизвиците за кои денес зборуваме ги надминуваат партиските граници, и токму затоа решенијата мора да се бараат заеднички, со отвореност, со факти и со почит кон различните гледишта. Собранието на Македонија, како законодавен дом на сите граѓани, ја препознава својата двојна одговорност во овој процес. Од една страна, ние сме институцијата која донесува закони и ги надгледува политиките на извршната власт во областа на родовата еднаквост. Од друга страна, ние самите сме работно место и јавен простор во кој мора да важат највисоките стандарди на почит и достоинство, за пратеничките, за вработените во Собраниската служба и за секој граѓанин кој доаѓа во контакт со оваа институција, подвлече Гаши.

Нагласувајќи дека парламентите со поголемо и посуштинско учество на жените произведуваат позасновани, поинклузивни и поодржливи законски решенија, особено во областите на социјалната политика, образованието и здравството, Гаши порача дека не може да се игнорираат бариерите што се уште постојат.

– Стереотипите за улогата на жената во јавниот дискурс, недоволната застапеност на жените на највисоките раководни позиции, како и новите форми на дигитално насилство и дезинформации, продолжуваат да го отежнуваат патот на многу жени кои сакаат да влезат или да остaнат активни во политиката. Оваа тркалезна маса е замислена токму како простор каде овие предизвици ќе се именуваат отворено, без табу и без политизирање, со единствена цел, да најдеме заеднички, применливи решенија, рече Гаши.

Посочувајќи го напредокот на Собранието во оваа област, Гаши рече дека колку и да се добро формулирани законите и стратегиите, сепак потребна е постојана соработка меѓу законодавната и извршната власт, меѓународните организации и граѓанското општество, за политиките навистина да заживеат во пракса и да произведат реална промена во животот на жените кои сакаат да учествуваат во политичкиот и јавниот живот на нашата земја.