Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

„Галимар“ го објави првиот роман на Румена Бужаровска, „Тони“

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ денеска го објави првиот роман на писателката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ денеска го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“ во превод на Клое Бијон.

По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е препознаено и објавено од „Галимар“, издавачка куќа основана во 1911 г., во Париз, која се вбројува меѓу најпрестижните и најетаблираните во светот како издавач на квалитетна европска литература.

Од издавачката куќа ТРИ наведуваат дека радиото „Франс култур“ ја опиша Бужаровска како писателка која ги „крши сите табуа со беспоштеден хумор“.

Реклама

Годинава „Тони“ беше преведен и објавен и на шпански јазик од издавачката куќа „Едиторијал импедимента“ од Мадрид, по што шпанската критика се огласи со неколку рецензии. Во една од нив критичарот Цезар Суарез вели дека со „Тони“, Бужаровска претставува искривено огледало и за мажите и за жените. Притоа, тој го споредува книжевниот лик Тони со Хамберт Хамберт во „Лолита“, со Том Рипли од Патриша Хајсмит и со Патрик Бејтман од „Американски психопат“.

Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, „Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Тој е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.  

Романот во Македонија излезе од печат во 2024 година во издание на Издавачки Центар ТРИ и веднаш потоа ги освои и читателите во Србија („Бука“, 2025), Хрватска („Фрактура“, 2025), Црна Гора („Нова књига“, 2025) и Босна и Херцеговина („Бука“, 2025). Претстојниот октомври ќе излезе од печат и во Албанија, а во текот на следната година романот ќе биде објавен и во Португалија, во САД и во Грција.

„Тони“ на македонски јазик досега доживеа четири изданија. Романот е достапен во сите книжарници на ТРИ и онлајн на kniga.mk.