Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Француската театарска група „Гвам“ во Битола го изведе „Танцот на водните нимфи“

Француското конзуларно претставништво во Битола, Француската Алијанса и НУ Центар за култура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Француското конзуларно претставништво во Битола, Француската Алијанса и НУ Центар за култура во Битола во соработка со Францускиот Институт во Скопје, во рамки на првото издание на  Фестивалот на улична уметност (French Connection) синоќа на Широк сокак во Битола приредија уличен перформанс.

„Танцот на водните нимфи“ го изведе театарската трупа „Гвам“ чии уметници со љубопитство беа набљудувани, прифатени и поздравени од битолчани кои синоќа беа пријатно изненадени од нивниот перформанс на Широк сокак.

-„Танцот на водните нимфи“ е музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство, вид на уметничкo интермецо кое лебди помеѓу небото и морето и ја носи публиката во хармонично вибрациско поле, изјави за МИА, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, Почесен конзул на Франција во Битола.

Реклама

Културниот настан беше организиран во пресрет на Скопје Европска престолнина на културата 2028 и во рамките на Програмата за културни и креативни индустрии на Францускиот институт во Париз.