Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Формирана комисија за македонскиот рубин, ќе се воспоставува систем за сертификација и следливост

Формирана е комисија за македонскиот рубин, која ќе работи на воспоставување систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Формирана е комисија за македонскиот рубин, која ќе работи на воспоставување систем за сертификација, следливост и заштита на неговото потекло како следен чекор по институционалното признавање и заштита на овој македонски геолошки уникат – соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

На денешната работна средба во МЕРМС, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска разговараше со членовите на новоформираната комисија, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, надлежните сектори за геологија и рударство и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов.

– Формирањето на комисијата претставува нова фаза во процесот што почна со институционалното признавање и заштита на македонскиот рубин. Целта е заштитата да не остане само на ниво на правен статус, туку да се воспостави целосен и функционален систем, со кој ќе се знае што се ископува, кој има право да го произведува и обработува, од каде потекнува рубинот и под кои услови може да се пласира на пазарот, регулирано со правилникот што го донесе комисијата – велат оттаму.

Реклама

Од Министерството информираат дека формирањето на комисијата претставува нова фаза во процесот на заштита на македонскиот рубин, со цел воспоставување целосен систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и следливост.

На состанокот биле утврдени првичните приоритети на комисијата, меѓу кои се воспоставување систем за сертифицирање на македонскиот рубин, подготовка на каталог и регистар на овластени производители и обработувачи, евиденција на количините и движењето на рубинот, како и утврдување стандарди за негова обработка, означување и презентација на пазарот.

Дополнително, предвидени се мерки за спречување злоупотреби и лажно претставување на други минерали како македонски рубин, како и активности за негова меѓународна афирмација и признавање.

– Со заштитата на македонскиот рубин направивме историски чекор, но со тоа работата не завршува. Сега почнува следната фаза, да воспоставиме систем што ќе гарантира дека станува збор за рубин по потекло од Македонија, кој е сертифициран, евидентиран и заштитен – изјавила Божиновска.

Таа посочила дека целта е македонскиот рубин од природно богатство да прерасне во препознатлива национална вредност и бренд со јасно утврдени правила и стандарди.

Особено значајна, според Министерството, е соработката со Државниот завод за индустриска сопственост, надлежен за системот на индустриска сопственост, географските називи и меѓународната соработка во оваа област.

Паралелно со воспоставувањето на домашниот систем за сертификација и следливост почнат е и процес за меѓународна афирмација на македонскиот рубин, со цел неговото потекло и автентичност да бидат препознатливи и надвор од државата.

– Македонскиот рубин не треба да биде само минерал што го знаеме ние. Треба да стане препознатливо име поврзано со Македонија. Само така можеме да создадеме производ кој има и економска и национална вредност – нагласила Божиновска.

Македонскиот рубин е геолошки уникат, препознатлив по својата малиново-розова боја, која произлегува од присуството на хром во неговата кристална структура. Неговите наоѓалишта во регионите на Прилеп и Мариово му даваат посебна геолошка и пазарна вредност, а неговата заштита, според Министерството, отвора можности за сертификација, брендирање и контролирано искористување.