Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Фискалната отпорност и продуктивноста клучни за заштита на македонската економија

Македонија десет последователни квартали бележи раст на економијата над 3%, а последниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија десет последователни квартали бележи раст на економијата над 3%, а последниот квартал достигнал 4,3%. Инвестициите се еден од клучните двигатели на растот, а приоритет останува и постепеното намалување на буџетскиот дефицит. Според министерката за финансии целта е фискалната консолидација да продолжи, односно буџетскот дефицит да се намалува под 3 проценти, а јавниот долг под 60 проценти од од бруто-домашниот производ.

„Она што би рекла дека за нашиот буџет е најважно е она што го имаме ветено да го реализираме, тоа е пред се фискалната консолидација онака како што е предвидена во фискалната стратегија. Тоа значи полека, нормализирање на состојбите со буџетскиот дефицит и целта е 3%, под 3% и тоа е нешто од кое никако не смееме да отстапиме па дури и во услови на ваква неизвесност“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии.

Целта е да се најде баланс – дел од дефицитот да се насочи кон проекти кои треба да донесат дополнителен раст на економијата, а истовремено да се работи и на зголемување на приходите. Од Министерството за финансии велат дека се уште постојат  структурни проблеми во економијата. Најавени се промени во начинот на финансиска поддршка – поголем фокус на одредени сектори и домашни компании. Сепак, според министерката, тоа не треба да се прави по секоја цена доколку би се загрозиле инвестициите. Дополнителен инструмент за трансформација на економијата треба да биде и Планот за раст, преку кој се очекуват промени во администрацијата, законодавството и начинот на функционирање на институциите, со цел приближување до европските стандарди. Надлежните уверуваат дека резултатите се движат во позитивна насока.