Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Финансиски криминал и корупција без правен епилог

Криминалот на претходната власт во РЕК Битола со најновата кривична за местење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалот на претходната власт во РЕК Битола со најновата кривична за местење на тендер тежок 1,7 милиони евра целосно исплива на површина, со оглед на тоа што за злоупотреби во државните електрани веќе им се суди на 37 луѓе и фирми. Но, за време на владеењето на СДСМ и ДУИ одекнаа голем број корупциски афери, како што се „Соравија“,„Државна лотарија и бегалецот Груби, струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, сомнежите за злоупотребите со адаптацијата на спортскиот центар Борис Трајковски за самитот на ОБЕСЕ. И речиси во сите афери се имиња на функционери од СДСМ и ДУИ, или нивни блиски луѓе.

За сите скандали поврзани со тешки милиони во евра, се водат истраги и проверки, а им се суди само на директори од РЕК Битола, обвинети за нелегална набавка на адитиви.

Останатите случаи тапкаат во место. За бегалецот и функционерот на ДУИ, Артан Груби, и криминалите во Државна лотарија, од Јавното обвинителство информираат дека истрагата е завршена, но понатаму не може ништо да се направи бидејќи осомничениот е бегалец.

Реклама

Се врши финансиска истрага против осомничените. И покрај тоа што надлежниот јавен обвинител ги издаде сите потребни наредби за распишување домашни и меѓународни потерници за двајцата осомничени кои се во бегство, меѓу кои и лицето кое го наведувате, полициските органи се уште трагаат по нив и тие не се достапни за да може да продолжи кривичниот прогон, велат од Јавното обвинителство

Под истрага се поранешни функционери и луѓе блиски до врвот на ДУИ – СДСМ, но се далеку од судска разрешница. Еден од нив е Ристо Крмзов, бизнисменот од Струмица и кумот на Заеви кој е под сомнение за тешки финансиски малверзации. За него тече рокот од 6 месеци за Обвинителството да му поднесе обвинение. Според обвинителството, заедно со него, приведени се вкупно 22 луѓе, од кои 8 се инспектори на УЈП, четворица се сметководители, а останатите се роднини и пријатели на Крмзов, кои биле директори на неговите фирми. Тие се осомничени дека со фиктивни купопродажни договори земале поврат на ДДВ, кој не им следувал. Станува збор за криминал од нешто над 90 милиони евра.

Една од истрагите којашто е далеку од завршница е и случајот со компанијата Пуцко Петрол, за набавката на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО. Осомничениот Асмир Јахиски, синот на пратеникот од ДУИ – Асмир Јахоски излезе од притвор без да е завршена истрагата. Скопска апелација ја прифатила гаранцијата од над 2 милиони евра и му определи мерки на претпазливостз. За последниот скандал со прислушувањето од минатата власт, ни државниот обвинител Коцевски, ниту шефот за организиран криминал Абази, не мрднаа со прст.