Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Финансиската полиција со кривична против Бајрами, поранешен генерален директор на Државната лотарија

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Македонија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија, соопштија од Финансиската полиција, во текот на 2023 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања.

– Иако бил свесен и знаел дека АД Државна Лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, односно истото во целост било внесено како основачки влог при основање на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија – Касинос Аустрија ДОО Скопје со Договорот за основање од 12.12.2013 година, склучен за временски период од 15 години, согласно член 34 од Законот за трговски друштва и член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, пријавениот П.Б. донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали, се појаснува во соопштението.

Реклама

Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот Законик на Македонија.