Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

Филипче го предлага докторот Александар Трајановски за нов потпретседател на СДСМ

По дебаклот на изборите и оставките во СДСМ, Филипче ќе прави кадровски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По дебаклот на изборите и оставките во СДСМ, Филипче ќе прави кадровски промени.  Кандидатот за градоначалник но оштина Аеродром, Александар Трајановски, ќе биде нов потпретседател на партијата. Според партискиот лидер  тој е правиот избор за оваа функција, образложувајќи дека Трајановски е исклучително посветен на партијата и имал одлична кампања на изборите. Останатите кадровски и политички промени во СДСМ ќе бидат соопштени вечерва на Извршниот одбор.

“Тој е исклучително посветен на партијата. Имаше одлична кампања на локалните избори и привлече многу внимание. Сметам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на ова ниво на партијата“, вели Филипче.

По јавните превирања и критики, Филипче тврди дека во СДСМ нема раскол. Во прозивските од Фрчковски и Пендаровски не гледа ништо спорно, напротив вели помагале во процесот.

Реклама

“Тоа што излегува на социјалните мрежи, го демантирам. Нема никакво раслојување. Навистина има единство со сите луѓе и овие што ги спомнавте. Сите помагаат во процесот како што беше и претходно. Во тој манир ќе продолжиме и понатаму”, рече Филипче.

Инаку, Александар Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром, и во двата изборни круга ја изгуби битката за прв човек на општината. Тој е специјализиран ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија.

Оваа промена доаѓа по оставката на потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, која беше поднесена во очи на вториот круг од локалните избори.