Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Фетаи на свечена академија по повод Денот на албанската азбука: Во чест на Конгресот во Битола и албанското културно наследство

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, во своето обраќање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, во своето обраќање на свечената академија по повод Денот на албанската азбука, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Владата на Македонија, го нагласил, како што информираат од неговиот кабинет, историското значење на Конгресот во Битола во 1908 година и неговата одлучувачка улога во унифицирањето на албанската азбука, како една од главните столбови на албанскиот национален идентитет.

Фетаи, како што информираат од неговиот Кабинет, го подвлекол придонесот на преродбениците и истакнатата личност на Мид’хат Фрашери, како и значењето на печатницата „Башкими и Комбит“ во развојот на албанските изданија. Тој, исто така, ја пофалил посветеноста на колекционерот и истражувачот Нико Котерија и на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, кои ја отворија изложбата „Конгресот и Печатницата“ како омаж на албанското културно наследство.

На крајот, тој ја потврдил посветеноста на Владата за заштита, негување и промоција на албанскиот јазик, култура и идентитет, сметајќи ја, се вели во соопштението, оваа задача за национална и граѓанска одговорност.