Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Фетаи: На местото на Изет Меџити во Владата треба да дојде Беким Сали

Во Коалицијата ВРЕДИ сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Коалицијата ВРЕДИ сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата. 

– Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар најдоцна до утре и ќе најдеме заедничко решение, рече Фетаи. 

На новинарско прашање за вчерашното соопштение на ВРЕДИ во кое имало критика за министерката за образование и наука Весна Јаневска поради настанот што се случи во Тетово и како напредува со изучување на македонскиот јазик, Фетаи вели дека министерката сама се обратила до јавноста во однос на овој настан. 

Реклама

– Таа кажа дека тоа беше моментална реакција и се извини за истиот настан. Јас можам да кажам дека 35 години живеев надвор и затоа не го знам македонскиот јазик, не сум го учел во училиште, но немам никаков проблем кога ќе го научам македонскиот јазик да се обратам на тој јазик. Мене не ми смета ниту еден јазик, течно говорам четри до пет јазици, додаде Фетаи, кој потврди дека почнал со изучување на македонскиот јазик.

Прашан каква е состојбата во Македонија во моментов и како државата се справува со корупција и кои се најголемите закани, Фетаи изјави дека  главните проблеми кои, како што рече, исто така се дел од Извештајот на ЕК се во однос на криминалот и корупцијата, односно судството кое со години нема кредибилитет во однос на решавање на судските процеси за криминал и корупција на високо ниво.

– Вториот предизвик со кој се соочуваме е кризата во Државната комисија за спречување на корупцијата на Македонија (ДКСК), односно настаните што се случија таму и кои не можевме да ги решиме додека не завршат локалните избори. Трет предизвик со кој се соочуваме на кој треба да работиме е реформите во правосудниот систем. Реформи во правосудството, во судството, промена на Кривичниот законик, на начин што ќе се доближиме до добрите пракси на ЕУ, изјави Фетаи.

Додаде дека овие се тие три клучни предизвици и, како што рече, итни на кои треба да работиме. 

– За време на овие 16 месеци владеење како нова владејачка коалиција и гарнитура ние сме се соочиле со два изолирани случаи за кои веднаш се преземени мерки. Немало некој голем случај на корупција на високо ниво и можам да како дека како Влада ние ќе работиме на неселективен начин за сите што ќе згрешат да излезат пред лицето на правдата, рече Фетаи. 

Вицепремиерот Фетаи денеска учествуваше на 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста во Западен Балкан.