Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Ферати – Солстром: Посилна соработка за младите, бизнисите и дијалогот меѓу заедниците

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска оствари средба со амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Ола Солстром на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и зајакнување на врските меѓу двете земји, со фокус на развојните програми и унапредувањето на заедничките проекти, преку искористување на шведското искуство и поддршка.

Посебен акцент беше ставен на промовирањето на агенди што ги поврзуваат граѓаните и институциите на двете земји, особено во областите поврзани со младите и бизнис-секторот, како и на зајакнувањето на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници во земјата.

На средбата беше оценето и значењето на поддршката од Шведска за реформските процеси и евроатлантскиот пат на Македонија.

Реклама

Министерот Ферати и амбасадорот Солстром изразија подготвеност за поттикнување нови иницијативи што ќе придонесат кон развојот, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји.