Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Фактите на МОФ наспроти оправдувањата на Државниот студентски дом

Фактите на МОФ наспроти оправдувањата на Државниот студентски дом. Откако Младинскиот образовен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фактите на МОФ наспроти оправдувањата на Државниот студентски дом. Откако Младинскиот образовен форум излезе со фрапантни податоци за крпениот живот на студентите се јави и државниот дом, но не со ветувања за подобрување на студентскиот стандард, туку со обвинувања кон претходната власт за таквата состојбата.

Од МОФ за Алфа велат дека посочувањето со прст и барањето виновник нема да реши ништо, порачуваат дека нема да се сменат состојбите само со поправки на неколку дефекти.

„Правото на реакција на студентскиот дом е нивно право како институција меѓутоа ние веруваме дека освен што се покажува со прст бза тоа кој е виновникот треба некогаш да преземе одговорност за своите дела, можеби се направени некакви ситни интервенции во просторит меѓутоа за жал студентите сепак секојдневно мора да се соочуваат со катастрофалните и со супстандардните катастрофални услови за живеење“, изјави Петар Брлаковски од Младински образовен форум.

Реклама

Инаку, вчера Државниот студентски дом Скопје излезе со соопштение во кое стои:

„Државниот студентски дом Скопје ја известува јавноста дека истражувањето од МОФ околу исхраната и трошењата на институцијата се однесува на период од 2015-та година кога со институцијата раководеше предходната власт. Раководството и оваа Влада реализираше и отпочна инвестиции кои во голем дел ги решија дефектите“.

Соопштението пристигна откако МОФ ги изнесе загрижувачките податоци за состојбата во студентските домови во земјава.

Инаку, последното истражување покажа дека студентите дневно јадат 32 грама свинско и 15 грама говедско месо, а месечно им следува дури една банана.

Од студентската организација апелираат дека ваквата состојба само го забрзува трендот на иселување.

Симона Србиноска