Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи, вели Мицкоски за случајот „27 април“

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи. Никој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап, но тие луѓе за тој престап доволно време поминале таму и треба тие што водеа политички монтиран процес да си стават прст на чело и да размислат што прават и што направиле, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан како ја оценува вчерашната одлука за амнестија на обвинетите за случајот организатори за 27 април.

Прашан дали можеби смета дека имало притисок врз судијата, Мицкоски рече дека тој ниту го познава, ниту пак некогаш се видел физички со судијата, така што не би сакал да коментира во тој дел.

„Можеби за тоа треба да дадат одговор сите оние кои што вршеа притисок да преку еден политички монтиран процес луѓе денеска лежат во затвор седум-осум години поради тероризам. Никој од нив не вели дека не направил грешка, направил, но никако не се терористи. Сега кога веќе е јасно дека нема организатори, не знам како може да има терористи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци.

Реклама

Нагласи дека не станува збор за застарен случај, туку, како што рече, толкувањето е дека обвинението е покренато откако истекол рокот за да може да се поднесе барање согласно Законот за амнестија.

„Тие немале можност во рокот да поднесат барање, односно биле обесправени. Тоа е суштината, не е дека е застарен предметот или нешто друго“, изјави Мицкоски.

Основниот Кривичен суд Скопје вчера го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски. Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за обвинетите за кривичното дело загрозување на уставниот поредок на државата.

Апелацискиот суд во април минатата година ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.