Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Фабриката “Кромберг и Шуберт” ги отвора вратите за работниците

После пет недели, германскиот индустриски гигант “Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После пет недели, германскиот индустриски гигант “Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени близу Битола, во понеделник повторно ќе го стартува своето производство. За почеток ќе бидат ангажирани илјада вработени, откако започнаа нарачките на “Мерцедес“ за  погоните во Германија и Шпанија. Како ќе доаѓаат нарачки и од другите автомобилски гиганти, така, на 5 до 10 дена сукцесивно ќе ангажираме нови работни групи, со недеж дека до крајот на месец мај работно ќе бидат ангажирани сите 5. 700 работници, велат од менаџментот на компанијата.

Денеска привршуваат сите подготовки околу рестартирањето на “Кробберг и Шуберт“ и првата група на работници што ќе дојдат во понеделник, влеваат оптимизам дека во месец мај и останатите ќе бидат работно ангажирани. Сепак, најмногу ќе зависи од големите гиганти на автомобилската индустрија.

Бидејќи сите вработени за месец март ја зедоа редовната плата иако не работеа од 19 март, за април повторно ќе земат плата, но се прават пресметки колкава ќе биде и с`е уште не е одлучено дали ќе биде искористена некоја од владините мерки, или пак ќе се потпрат само на сопствените резерви. На стартот од корона- кризата, “Кромберг и Шуберт“ со заштитна опрема ја помогна  Клиничката болница во Битола, а во текот на мај ќе обезбеди опрема и апаратура за тестирање од Ковид- 19 во лабораторијата на Центарот за јавно здравје во Битола.

Реклама

Петар Стефановски