Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на  извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц. Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на  извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц.

Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите на пленарната сесија, а во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

Известувачот за Македонија, Томас Вајц, рече дека регионот на Западен Балкан бил и продолжува да биде „поле за играње на странски сили“ и потсети на разорните етнички војни што го зафатија регионот во 1990-тите. Вајц нагласи дека постојат две земји кои избегнале масовно насилство, имено водечкиот кандидат за пристапување, Црна Гора, и другата, Македонија, која исто така би можела да биде меѓу водечките земји во процесот на пристапување.

Реклама

– Да, можеме да кажеме дека земјата не ги спроведе реформите што е можно побрзо, но исто така мора да признаеме дека ние во ЕУ дадовме ветувања што не ги исполнивме – истакна известувачот.

Тој нагласи дека земјите, вклучително и Македонија, имаат волја да ги спроведат потребните реформи и дека ова треба да се награди, на пример преку делумна интеграција на пазарот, делумна интеграција во однос на роамингот, преку Единствената европска платежна зона, со цел да се одржи мотивацијата.

Вајц нагласи дека пристапувањето на земјите од Западен Балкан носи безбедносна и економска вредност за Европската Унија, како и голем број други придобивки. Тој рече дека по Црна Гора и Албанија, Македонија би можела да биде следната земја што ќе се приклучи на ЕУ.

Според австрискиот европарламентарец, целта е да не се изгуби мотивацијата во Македонија, додавајќи дека лично верува оти прашањата за идентитетот го растргнале регионот на Западен Балкан.

Вајц порача дека Европската Унија не бара усогласување на историските учебници ниту оспорување на националните идентитети како услов за европска интеграција. Според него, меѓусебното почитување меѓу соседните држави е темел на соработката и добрососедските односи.

– Она што не е дел од европското законодавство се 100% идентични историски учебници, дури и по 80 години од австриската историја по Втората светска војна. Ова не е нешто што се обидуваме да го постигнеме или што сме го постигнале со нашите соседни држави. Јас никогаш не би се осмелил да го доведам во прашање идентитетот на мојата соседна земја. Никогаш. Никогаш не би се осмелил да го доведам во прашање бугарскиот идентитет само затоа што сте биле 500 години под отоманска власт. Ова меѓусебно прифаќање помеѓу соседите е темел на соработката. И она што сè уште сакам да го кажам е дека, исто така, на нас тука, во Европската Унија, е да ја поддржиме платформата, да го поддржиме дијалогот, да ја вратиме довербата, да помогнеме со мали чекори за повторно да се изградат добрите билатерални односи — во овој случај помеѓу Бугарија и Северна Македонија, но тоа е случај за целиот регион, истакна Вајц.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека е време за интеграција на земјите од Западен Балкан со цел некако да се исправат грешките направени во минатото, кога околностите беа поинакви.

Таа истакна дека сите овие земји – не само во Западен Балкан, туку и Украина и Молдавија – се под хибридни закани.

– Колку повеќе успеваме во процесот на проширување, толку повеќе напади има (…) Ако не успееме да ги интегрираме, ако не им помогнеме да се спротивстават на непријателските дејствија што се обидуваат да ги оддалечат од европскиот пат, други ќе дојдат и ќе ги искористат како оружје против нас – истакна таа.

Во врска со процесот на интеграција, Кос нагласи дека „она што е сигурно е дека нема кратенки, тој се базира на заслуги и ние работиме на постепена интеграција“ во различни области. Таа додаде дека на ЕК ѝ е даден мандат да преговара за бесплатен роаминг за земјите од Западен Балкан и дека се надева дека тоа ќе се случи наскоро.