Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Европскиот фронт започнува иницијатива за уставни измени – повик за потпис од сите пратеници

Пратениците од Европскиот фронт известуваат за почетокот на иницијативата за обезбедување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците од Европскиот фронт известуваат за почетокот на иницијативата за обезбедување на потребните пратенички потписи за иницирање на уставни измени, како неопходен и одговорен институционален чекор за унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија, се наведува во соопштението од  Европскиот фронт.

Оваа иницијатива се заснова на уставната можност предвидена во член 130 од Уставот, според која предлог за измена на Уставот може да поднесе најмалку 30 пратеници. Затоа, почнувајќи од денес, упатуваме повик до сите пратеници во Собранието на Македонија, и од парламентарното мнозинство и од опозицијата, вклучително и пратениците од Алијансата за Албанците, независните пратеници, како и претставниците на сите политички партии кои ја гледаат иднината на државата во Европската Унија, а особено пратениците од ВЛЕН, да ја дадат својата поддршка со потпишување на оваа иницијатива.

Ова не е прашање поврзано со партиски интереси или политички калкулации. Ова е суштинско прашање за стратешката ориентација на државата и за иднината на нашите граѓани.

Реклама

Република Северна Македонија изгуби две години во целосна блокада на евроинтегративниот процес, без никаков напредок. Ова е моментот за клучниот чекор кој ќе го деблокира процесот и ќе овозможи реално продолжување на преговорите со Европската Унија.

Не можеме повеќе да се криеме зад привремени изговори. Регионот напредува. Црна Гора се наоѓа во напредна фаза на преговорите, додека Албанија ги има отворено сите преговарачки кластери. Во меѓувреме, Северна Македонија ризикува да остане зад нив поради недостиг на политички одлуки и државничка одговорност.

Последните истражувања јасно покажуваат дека над 70 проценти од граѓаните го поддржуваат членството на државата во Европската Унија. Ова е јасен доказ дека стратешката ориентација на нашите граѓани е непоколеблива. Европа не е само заедница на држави, туку семејство кое гарантира права, еднаквост и перспектива за иднината.

Затоа, прашањето денес не е дали граѓаните се за Европа. Прашањето е дали пратениците се подготвени да дејствуваат за оваа цел.

Почнувајќи од денес, секој пратеник има можност јасно да се определи: за деблокирање на процесот или за продолжување на блокадата; за европскиот пат или за изолација; за иднината на државата или за тесни партиски калкулации.

Посебно упатуваме повик до пратениците од ВЛЕН да ја дадат својата поддршка со потпишување на оваа иницијатива, со што ќе ги материјализираат ветувањата дадени пред граѓаните за продолжување на евроинтегративниот процес. Пред изборите, нивните лидери се обврзаа со личен потпис во заедничка изјава дека нема да бидат дел од влада која нема да го продолжи евроинтегративниот процес.

По влегувањето во владата, побараа шест месеци време. Потоа поминаа уште шест месеци. Денес поминаа четири вакви временски циклуси и сè уште нема ниту еден конкретен чекор што покажува вистинска посветеност за деблокирање на евроинтегративниот процес. Ова ја прави неопходна трансформацијата на дадените ветувања во конкретни институционални дејствија.

Денес не се бараат изјави и оправдувања. Се бара конкретна акција. Потписот е политички акт, одговорност и доказ за доверливост пред граѓаните.

Со ваков блокиран статус, не се загрозува само евроинтегративниот процес. Се загрозува и стратешката стабилност на државата и темелите врз кои е изградена, вклучително и Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство. Овие не се документи од минатото, туку основа на стабилноста и евроатлантската перспектива на државата.

Во исто време, имаме обврска како држава и како политички претставници да ја оправдаме довербата што ни е дадена од нашите стратешки партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Оваа доверба бара конкретни одлуки, политичка одговорност и навремено дејствување.

Ние, како пратеници од Европскиот фронт, сме подготвени да го направиме нашиот чекор. Сега е ред на сите други пратеници кои веруваат во европската иднина на државата.

Ги повикуваме сите: ставете го вашиот потпис, деблокирајте го процесот и овозможете ѝ на државата да оди напред.