Реклама

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Прилози

Европската поддршка за училишниот спорт: 30 сали се реконструираат, уште 30 се градат

Од сали што со години чекаат подобри услови, до нови простори во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од сали што со години чекаат подобри услови, до нови простори во кои спортот треба да стане секојдневие на учениците. Со европска поддршка, се реконструираат 30 училишни сали и се градат 30 нови. Набавена е и нова спортска опрема во основните и средните училишта, се со цел за подобра училишна инфраструктура.

„Станува збор за проект на реконструкција на 30 училишни сали и дополнителна изградба на нови 30 училишни сали. Во оваа прилика ќе видиме една од нив и ја користм можноста да им се заблагодарам на сите наши странски пријатели, секако на ЕУ и евроамбасадорот Рокас во Македонија за сето она што го прават за нашата земја како помош“, вели Весна Јаневска, министер за образование и наука.

Една од реконструираните сали е онаа во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, која денеска повторно се отвора за учениците. Салата е  само дел од промените во училиштето. Предвидена е и доградба на објектот, со четири нови училници, два санитарни јазли и ходник. Главната цел е да се обезбедат услови за сите ученици да следат  настава во една смена, наместо досегашната двосменска настава.  Проектот е кофинансиран од страна на европските финансиски институции, како Инвестициската рамка за Западен Балкан и Развојната банка на Советот на Европа.

Реклама

„Ова е важен чекор во подобрување на условите за спортските сали во училиштата. Секоја инвестиција во образованието е најдобро потрошено вложување. Заеднички се фокусираме со Министерството. Затоа, денес е навистина добар ден, кој ги заокружува нашите заеднички напори за постигнување подобро ниво на образование“, изјави Михалис Рокас, Евроамбасадор во Македонија.
Од почетокот на годината, Владата започна реализација на голем инвестициски проект, за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали низ целиот регион. Ваквите проекти се од исклучително значење за подобрување на условите за физичкото образование за да се поттикне поголема физичка активност кај младите.