Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Европска недела на мобилноста – помалку автомобили, повеќе простор за луѓето

Во периодот од 16 до 22 септември РСБСП ја одбележува Европската недела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 16 до 22 септември РСБСП ја одбележува Европската недела на мобилноста, кампања што поттикнува промена на секојдневните навики во движењето и избор на поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт.

Градовите денес се соочуваат со сè поголем број автомобили на улиците, што резултира со сообраќаен метеж, загаден воздух, бучава и намален квалитет на живот. Затоа Европската недела на мобилноста потсетува дека секое патување не мора да почне со автомобил.

Пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавниот превоз не се само алтернатива – тие се инвестиција во почиста животна средина, поздрави граѓани и побезбедни улици.

Реклама

Секој ден кога ќе го оставиме автомобилот дома и ќе избереме да пешачиме, да возиме велосипед, да користиме јавен превоз или друг алтернативен превоз, придонесуваме за намалување на загадувањето, ослободување на урбаниот простор и создавање похумани градови по мерка на човекот.

Но одржливата мобилност е и прашање на безбедност. Улиците треба да бидат места каде што децата безбедно ќе одат на училиште, каде што постарите лица ќе може без страв да се движат, а велосипедистите и пешаците ќе бидат рамноправни и почитувани учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги повикува граѓаните во текот на Европската недела на мобилноста да направат мал, но значаен чекор кон одржливи навики на движење.

Оставете го автомобилот кога тоа е можно.

✅ Пешачете до блиската дестинација.

✅ Изберете велосипед.✅ Користете јавен превоз.

✅ Споделете превоз со други лица.

Малите промени во секојдневното однесување носат големи придобивки за сите – почист воздух, поуредени градови, помал метеж и поголема безбедност во сообраќајот.

Да создадеме градови во кои приоритет ќе бидат луѓето, а не автомобилите.

#СекојЖивотЕВажен

РСБСП – Мобилност за сите. Безбедност за секого.

#ЕвропскаНеделаНаМобилност #МобилностЗаСите #СекојЖивотЕВажен #РСБСП #ОдржливаМобилност #БезбедностВоСообраќајот #ПешачиПовеќе #ВозиВелосипед #КористиЈавенПревоз #ПомалкуАвтомобилиПовеќеЖивот