Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Европа се мобилизира против бранот мигранти

Ако мигрантите ја пробијат грчката граница – ќе бидат запрени на Западен…

Сподели:

Ако мигрантите ја пробијат грчката граница – ќе бидат запрени на Западен Балкан, вели австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за виенски весник. Иако не ја споменува Македонија евидентно е дека мисли и на земјава која е прва после Грција на балканската рута.

Грчката Влада, за разлика од порано е одлучна во одбраната на надворешната граница на ЕУ. Ние сме во близок контакт и со пријателите во Западен Балкан и тие се подготвени, во случај на пробивање на грчката граница“, Себастијан Курц – Премиер на Австрија.

Според него, сега е најважно Грција да добие силна поддршка, а ЕУ да испрати јасна порака дека нема да дозволи уцени од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Реклама

Во меѓувреме ситуацијата на грчко – турската граница е на раб да ескалира. Турција ја зајакна воената одбрана со нови 1000 специјалци за да спречи враќање на бегалците во земјата.

На социјалните мрежи кружи видео за кое се тврди дека е снимено во турски автобус. Неофицијално, турски полицаец со пиштол ги присилува мигрантите да ја минуваат границата кон Грција.

Од друга страна помошта за Грција расте – 35 словенечки полицајци се приклучија на мисијата на Фронтекс на грчко – турската граница.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ на вонредниот состанок во Брисел изразија солидарност со Грција, Бугарија, Кипар и со останатите членки кои вложуваат напори за одржување на редот на надворешните граници на Унијата.

Тие порачаа дека ЕУ ќе ги преземе сите потребни мерки за да ги спечи нелегалните преминувања на границите.

„ЕУ ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западен Балкан во управувањето со мигрантските текови,“ соопшти Советот на Европа.

Не за прием на мигранти рече и германскиот Бундестаг. Таму со големо мнозинство беше отфрлена иницијативата на партијата на Зелените за прифаќање на 5000 мигранти и бегалци од грчките острови.

Вчера и унгарскиот премиер Виктор Орбан алармираше оти мигрантите кои ќе влезат на грчко тло ќе бидат запрени на другите граници после Грција.


Биљана Божиновска