Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Европа се мобилизира за мигрантите, Курц и Орбан предупредуваат за смислено сценарио

Сериозна закана за Европа е новиот мигрантски бран. Лидерите на поголем дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сериозна закана за Европа е новиот мигрантски бран. Лидерите на поголем дел од земјите членки на Унијата предупредуваат дека  мигрантите се злоупотребуваат за да се направи притисок на ЕУ.  Австрискиот Канцелар Себастијан Курц како главен виновник го посочи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Канцеларот смета дека Ердоган свесно ја организирал акцијата со бегалците, на кои им ставил на располагање и автобуси, Турција им давала лажни информации со што се правел притисок на границата кон Грција.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан предупредува дека ова е организиран инвазија на Европа. 95 отсто од мигрантите се воено способни мажи истакна Орбан, а таканаречените хуманитарни невладини организации кои ги поддржуваат делуваат како групи за трговија со луѓе. Овие организации имаат значително финансирање и значителни логистички способности, додаде премиерот на Унгарија.

Ситуацијата со мигрантскиот бран од час во час се комплицира, дополнително откако турскиот претседател вчера потврди дека одбил милјада евра помош од Европа за да ги прифати мигрантите во Турција. Изминативе денови илјадници луѓе навалија на границата кон Грција и многу веројатно е повторно преку Макеоднија, Србија, да се излејат во Европа.

Реклама

Од 10 до 15 пати е зголемено присуството на македонската полиција и армија на јужната граница иако до овој момент според надлежните на котата 59 е мирно. Шефот на државата Стево Пендаровски вели дека нема никаква назнака во наредниве денови, кон територијата на Македонија да дојде до голем прилив на мигранти. Но будноста е на високо ниво.

– Ако можевме со највисоки оценки да го завршиме менаџментот на кризата 2015/2016 со тој транзит од 1,3 милиони луѓе преку нашата територија, сега не дај Боже да дојде таква ситуација меѓутоа ние сме подготвени и повторувам тоа не можеме да го направиме сами туку со одлична соработка со партнерските држави во рамки на НАТО Алијансата и се разбира со нашиот сосед  Република Грција – изјави Стево Пендаровски претседател на државата.

Фронтекс од пред неколку дена го зголеми своето присуство на границите, но во Брисел постојат планови и дополнително да се зголеми ако има потреба. А каква е состојбата на грчко-турскатаграница денеска се увери и врвот на ЕУ. Брисел најави помош од 700 милиони евра за Грција, во финанси и во техничка опрема за полесно спарваување со мигрантите.

Катерина Гетева