Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Eтичката употреба на вештачката интелигенција бара образование, одговорност и критичко размислување

Етичката примена на вештачката интелигенција, потребата од развој на критичка свест кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Етичката примена на вештачката интелигенција, потребата од развој на критичка свест кај младите, ризиците од дезинформации и важноста од проверка на фактите беа во фокусот на тркалезната маса „Етичка употреба на вештачката интелигенција – предизвици и предности“, што се одржа денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Учесниците оценија дека вештачката интелигенција носи значителни придобивки за образованието, медиумите и професионалниот развој, но предупредија дека нејзината употреба мора да биде проследена со етички стандарди, медиумска писменост и одговорност.

Професорката Јасна Бачовска-Недиќ истакна дека предизвикот не е само подигнување на свеста, туку и на совеста кај младите генерации, кои ќе работат со нови технологии.

– Не станува збор само за свеста, туку и за совеста. Нашата задача е преку образовниот процес, особено кај младите новинари и практичари за односи со јавноста, да ги разбудиме совеста и чувството за одговорност. Тоа не може да се постигне со воведување само еден предмет по вештачка интелигенција, туку со пристап што ќе биде вграден во целокупниот образовен процес – рече Бачовска-Недиќ на настанот организиран од Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија.

Реклама

Како што рече, европските универзитети веќе развиваат стандарди за етичка употреба на вештачката интелигенција, а тие искуства треба да се интегрираат и во домашниот образовен систем.

– Денешните генерации имаат предност во техничките вештини, а наша задача е да се грижиме за имплементацијата на етичките принципи во нивната работа – нагласи таа.

Претседателот на СКУП – Македонија, Горан Лефков, предупреди дека една од најголемите опасности во новинарството е можноста алатките за вештачка интелигенција да генерираат или обработуваат неточни и манипулативни податоци.

– Најголемиот предизвик со кој ќе се соочиме е можноста во системите за вештачка интелигенција да бидат вметнати хакирани или неточни податоци. Таквите информации може да го наведат новинарот да изработи сторија врз основа на погрешни факти, што директно влијае врз веродостојноста на содржината и врз угледот на новинарот и медиумот – рече Лефков.

Тој посочи дека, од друга страна, вештачката интелигенција значително ги олеснува истражувачките процеси. Запрашан каде е границата во користењето на вештачката интелигенција во новинарската професија, Лефков потсети на познатото новинарско правило.

– Како што велеше мојот постар колега Иван Бојаџиски: „Се верува, ама се проверува“. На крајот на краиштата, новинарот стои зад сѐ што објавил и затоа секоја информација мора да биде дополнително проверена. Не смее да се потпира исклучиво на она што ќе му го понуди машината – рече тој.

Продеканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Драган Гоцевски, оцени дека вештачката интелигенција отвора многубројни прашања за нејзината употреба во разни сфери на општеството.

– Вештачката интелигенција може да придонесе за зголемување на продуктивноста, но важно е да разговараме и за нејзиното влијание врз образованието, приватноста и професионалниот интегритет на секоја професија. Токму затоа се потребни вакви дискусии што ќе помогнат во артикулирањето на етичките и општествените аспекти од нејзината примена – рече Гоцевски.

На настанот учествуваа и студенти што ги споделија своите гледишта за улогата на вештачката интелигенција во идните професии.

Студентот по односи со јавност, Андреј Коцев, истакна дека најважната поука од дискусијата е потребата од одговорна употреба на технологијата.

– Вештачката интелигенција може многу да помогне во креирањето текстуални содржини и ќе отвори нови професионални можности. Во иднина, оние што ќе знаат како правилно да ги користат овие алатки, ќе имаат предност на пазарот на труд, а особено важна ќе биде примената на генеративната вештачка интелигенција – посочи Коцев.

Студентката по правни студии Милица Пановска оцени дека влијанието на вештачката интелигенција ќе продолжи да расте. Според неа, иако технологијата нуди многубројни придобивки и заштеда на време, постои опасност од преголема зависност од неа.

– Важно е вештачката интелигенција да ја користиме како алатка што ќе ни помогне, но истовремено да продолжиме самостојно да учиме и да ги развиваме нашите знаења и вештини. Само така ќе можеме успешно да напредуваме и професионално да се развиваме во иднина – истакна Пановска.