Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

ЕСМ доби 55 милиони евра германски пари за нова фотоволтаична централа и нов ветерен парк

Изградба на фотоволтаична електроцентрала „Битола 2“ и реализација на втората фаза од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на фотоволтаична електроцентрала „Битола 2“ и реализација на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“ – ЕСМ доби кредит од 55 милиони евра од германската развојна банка за два капитални проекти кои според власта се исклучително важни за зголемување на енергетската независност. Централата ќе се гради во рамките на РЕК Битола и ќе произведува струја за 20 илјади домаќинства, а ветерниот парк ќе добие нови четири ветерни турбини со што ќе го зголеми производството на енергија. Премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на договорот меѓу ЕСМ и германската банка која поддржува претприемништрво на мали и средни претпријатија рече дека  енергетската незавиност и ефикасност е цел на владата и поле за жестока работа.

Енергетската незавиност и ефикасност е нашата цел и поле за жестока работа. Контиунирано имаме средби и со потенцијални инвеститори за изградба на конгенеративна централа, за која има повеќе заинтересирани инвеститори. И морам да кажам дека сите се пазарно ориентирани инвестиции, а не како што беше претходно кога беа прогласувани за стратешки инвеститори. Целата држава, но и Скопје има голем пазар за топлинска и електрична енергија кој може да биде исплатлив за секој инвеститор. Вие знаете дека само еден дел на Скопје е опфатен со парно греење,а останатите жители, бидејќи немаат друга опција се снаоѓаат со греење со фосилни горива и гуми, масло – објасни Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Од Германија стигна силна поддршка за патот на Македонија кон климатска трансформација. Директорот на ЕСМ пак е дециден дека со новиот циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергиј ќе се постигнат европските норми.

Реклама

Во однос на изградбата на когенеративната централа со која ќе се произведува енергија и топлина во ист процес, а ќе има помало аерозагадување и пониски сметки за струја и парно, Мицкоски вели дека владата одржува средби со потенцијални инвеститори кои се заинтересирани за ваков проект.