Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Есента пристигнува ноќеска во 02:05 часот

– Есента во земјава и на северната хемисфера ќе почне ноќеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Есента во земјава и на северната хемисфера ќе почне ноќеска во 02:05 часот по полноќ. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До крајот на годинава остануваат уште 99 дена.

Преминот кон новата сезона е означен со есенската рамноденица – моментот кога Сонцето, гледано од Земјата, го преминува небесниот екватор и го продолжува своето привидно движење кон јужната хемисфера.

Реклама

По есенската рамноденица, северната хемисфера навлегува во период на постепено скратување на деновите и продолжување на ноќите. Овој тренд продолжува сè до зимската краткодневица во декември.

Есента годинава ќе трае до 21 декември во 14:50 часот, кога календарски започнува зимата. 

На првиот ден од есента, според синоптичарите, утрото ќе биде ведро и постудено, а потоа сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.