Македонија не треба да стравува од директен удар или било какво прелевање на војната на директен начин, но треба да се подготви за ублажување од евентуален инфлаторен шок. Еден од првите чекори според дел од упатените е Владата да ги заштити стратешките производи
„Најголемата закана што ние ја имаме се вика така жаргонски рекла-казала. Внатрешната дезинформација се шири во државата како оган, заклучи безбедносниот аналитичар Раби Сердак.
Ивица Боцевски вели дека Македонија мора да ги следи постапките на земјите од Европската Унија, бидејќи природно македонската економија припаѓа на европскиот пазар. Според него, Македонија мора да се врати на политика водена од принципи.

„Кризата во Иран наложува да ја преотвориме дебата околу консензусот владе во македонската надворешна политика. Можеби е време на враќање на изворната македонска политика после осамостојувањето, односно политика врзана прво на меѓународното право и меѓународните принципи, а потоа на се останато. И второ, да испитаме дали е можно преку регионалниот пазар или преку членството во единствениот пазар да се залагаме за една регионална интеграција како одговор за овој трубулентен свет којшто ни доаѓа, смета Амбасадорот Ивица Боцевски.
Поранешниот министер за финансии Кирил Миновски смета дека Македонија има начини како економски да се заштити од новите ценовни шокови. Законот за фер практики е една од можностите.
„Енергетската диферзификација, обезбедување колку што е можно поголема економска независност и јасно изразување на државниот интерес во се она што се нарекува клучна инфраструктура, тука пред се е најзначајната енергетската инфраструктура. Вториот битен сегмент за поуспешно справување со овие екстерни шокови е обезбедување на безбедност во делот на произвиодството на храна. Третиот елемент е водење на внимателна фискална политика“, рече Миновски.
Војната на Блискиот исток ќе ја погоди Македонија посредно, преку зависноста од меѓународната трговија и увозот на енергетски ресурси. Затоа е потребно и целосно обезбедување на енергетскиот сектор, телекомуникациите и зголемено производство на храна. Единствена опасност се мигрантите, односно мигрантската рута која поминува низ Македонија.
