Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Економските политики даваат резултати, за две години просечната плата поголема за 8 илјади денари

Просечната нето плата поголема за цели 8.000 денари за двегодишниот мандат на владата. Пратеникот на Вмро-ДПМНЕ, Бојан Стјаноски вели дека официјалните статистички податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Ако во март 2024-та година, просечната нето плата во земјава изнесувала 40.496 денари, во март годинава достигнала 48.433 денари. Тоа е пораст, вели Стојаноски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната нето плата поголема за цели 8.000 денари за двегодишниот мандат на владата. Пратеникот на Вмро-ДПМНЕ, Бојан Стјаноски вели дека официјалните статистички податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Ако во март 2024-та година, просечната нето плата во земјава изнесувала 40.496 денари, во март годинава достигнала 48.433 денари. Тоа е пораст, вели Стојаноски од речиси 20%.

„Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти.Во истиот период, растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе се коригира со растот на цените, реалното зголемување на просечната плата изнесува близу 11 проценти. Тоа значи дека платите не само што го следат растот на цените, туку растат значително побрзо и реално ја зголемуваат куповната моќ на граѓаните“ – вели Бојан Стојаноски – ВМРО-ДПМНЕ.

Особено голем раст од 7,6% има кај индустриското производство во април. Зголемувањето доаѓа по лошиот старт годинава и во време на воен конфликт на Блискиот Исток. Раст има и кај другите сектори.

Реклама

„Најголемо зголемување во апсолутен износ има во информациите и комуникациите, транспортот и складирањето и рударството. Процентуално, највисок раст има во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и образованието.Овие бројки се потврда дека економските политики даваат резултати и дека приходите на вработените растат“ – вели Бојан Стојаноски – ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски додава дека целта е платите да продолжат да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и граѓаните да имаат повисок животен стандард. Државната статистика потврди дека невработеноста падна на историски најниско ниво од 11,3% во првите три месеци од годинава.