Владата ја зајакнува економската дипломатија која се очекува дека ќе вроди со плод и ќе придонесе за раст на економијата. Политиката која ја води власта за зајакнување на односите со меѓународните партнери се очекува дека ќе го трасира патот на инвеститорите кон Македонија.
Според аналитичарите економските политики кои во моментов ги води Владата се соодветни.Тие препознаваат можност во актуелната положба која ја има Македонија во однос на глобалните случувања за да се ориентираме и кон нови пазари имајќи ја во предвид неизвесноста што се случува во Европа, особено политичките и економските промени во Германија која е наш најголем трговски партнер.
Ја поддржувам политиката на диверизфикација на портфолиото. Ние во континуитет една декада и повеќе зависиме од германската економија. Македонската економија 45 отсто извезува кон Германија или од вкупниот извоз од Македонија дури 27 % е вклучена Германија и тоа не смее да замре, но бидејќи не знаеме што се случува таму ќе имаме и нова Влада која ќе треба да бидеме со функција со македонската влада … и во таа насока мислам дека треба да имаме и добра диверзификација и со влегувањето со поглема трговска размена со Британија и привлекување инвеститори, не смееме да ја заборавиме Полска, Унгарија како наш стратешки партнер …Сето тоа може да доведе до намалувањето на диверзификација на ризикот….. Македонија има силна шанса да се позиционира знаеме дека соседите во Србија имаа одредени проблеми со демонстрации, тоа мораме да го искористиме во поглед на цврстината на Владата….. Мислам дека нема време за политиканство и дека времето за калкулации е поминато, вели за Алфа професор Синиша Наумовски.

Аналитичарите препознаваат и шанса во поглед на преговорите кои се случуваат со САД. Според Наумовски царините кои ги воведе Американскиот претседател се резултат на формулата која ја користи американската администрација, односно разликите во податоците за трговската размена. Експертите укажуваат дека треба да се усогласат македонските со американските царини и веруваат дека Македонија може да добие дури и поволна положба за ниски царински стапки
Ова е добра шанса да ги рекалибрираме односите со САД… убавината на политиката што ја води и самиот премиер е во тоа што САД ја става земјава во тие пријателски земји на САД. Мојата препорака е билатерално усогласување на податоците со Американската влада треба да ни обезбеди правична примена на формулата, додава Наумовски.
Минатата недела Премиерот Христијан Мицкоски предводеше делегација во Обединетите Арапски Емирати каде оствари средби на високо ниво и од каде се отвори поле за економски инвестиции. Во изминатите неколку дена Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски беше во посета на Велика Британија каде оствари значајни средби на високо ниво кои ги потврдија добрите економски и политички односи на Македонија со Британија како и потенцијалите за продлабочување на односите. Очекувањата се дека извозот кон Британија ќе надмине три милијарди евра. Претходно Министерката Димитгриеска – Кочоска во Вашингтон ја потврди комуникацијата со меѓународните финансиски институции и инвеститори, кои стапката на раст од 3,7 отсто ја оценија како реална
