Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

„Еко Струга“: Откриени сомнителни фактури и финансиски злоупотреби од претходното раководство во претпријатието за паркинзи во Струга

Јавното претпријатие задолжено за паркинзите во Струга функционирало како приватна фирма на поранешното раководство, со сомнителни фактури, финансиски злоупотреби и хаос во работењето, велат од новото раководство на Ј.П “Еко Струга”. Од таму алармираат  дека затекнале претпријатие удавено во долгови, без никаква контрола и финансиска дисциплина. Дополнителна загриженост предизвикуваат и фактурите кои, според презентираните информации, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие задолжено за паркинзите во Струга функционирало како приватна фирма на поранешното раководство, со сомнителни фактури, финансиски злоупотреби и хаос во работењето, велат од новото раководство на Ј.П “Еко Струга”. Од таму алармираат  дека затекнале претпријатие удавено во долгови, без никаква контрола и финансиска дисциплина. Дополнителна загриженост предизвикуваат и фактурите кои, според презентираните информации, се пронајдени во архивата на претпријатието, а говорат за непродуктивно трошење на народни пари.

 “Пронајдени се поголем број на сомнежи за финансиски злоупотреби, почнувајќи од ниско евидентирани приходи, непотребни трошоци, па се до сомнителни фактури. Што се однесува до сомнителните фактури, постојат многу случаи каде што со сретствата на претпријатието се купувале големи количини алкохолни пијалоци и други производи кои не одговараат на потребите на претпријатието или на вработените. Тие фактури се евидентирани и се архивирани со печат на јавното претпријатие.”-вели Абдулади Шазиманоски, директор на Ј.П.Еко Струга

Шазиманоски соопшти дека кога ја презел функцијата затекнал долг од над милион и пол денари. Најголем сомнеж предизвикуваат податоците за приходите во екот на туристичката сезона. Според новото раководство, во месец јули, кога Струга е преполна со туристи, иселеници и посетители, биле евидентирани приходи кои не соодветствуваат со реалната состојба на терен.

Реклама

“ Немаше систем и правилник,имаше вработени чии работни активности не се совпаѓаа со нивните решенија за вработување. Поголем дел од работните налози им биле давани усно без писмена документација. Со еден збор, јавното претпријатие “Еко Струга”  функционирало како приватна компанија на поранешно раководство. Сите овие и многу други прекршувања се утврдени пред надлежна контрола и ќе бидат доставени до надлежните органи. Исто така, ќе бараме и контрола од Државниот завод за ревизија”-вели Шазиманоски

Во меѓувреме, од претпријатието тврдат дека за само два месеци приходите се зголемени за 30 проценти во однос на истиот период лани, благодарение на засилени контроли и спречување на злоупотребите.