Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ЕФА: Бугарија да се извини за злосторствата врз македонското малцинство

На годишното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) едногласно е усвоена декларација со која од Бугарија се бара официјално извинување за репресиите врз македонското малцинство во периодот на комунистичкото владеење. Во документот се бара и целосно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на регистрацијата на македонски организации во Бугарија. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На годишното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) едногласно е усвоена декларација со која од Бугарија се бара официјално извинување за репресиите врз македонското малцинство во периодот на комунистичкото владеење. Во документот се бара и целосно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на регистрацијата на македонски организации во Бугарија.

Од ЕФА оценуваат дека Македонците во Бугарија се соочуваат со сериозни прекршувања на човековите права, а состојбата ја опишуваат како една од најзагрижувачките во рамките на Европската Унија.

Во декларацијата се наведува дека денешните политики кон македонското малцинство претставуваат продолжение на процесите на асимилација и негирање на идентитетот кои биле спроведувани во времето на комунистичкиот режим на Тодор Живков. Според документот, уште во 1963 година негирањето на постоењето на македонско малцинство било дел од пошироката политика за создавање на „единствена бугарска социјалистичка нација“.

Реклама

Од Алијансата посочуваат дека и денес Македонците во Бугарија се изложени на реторика која го оспорува нивното постоење и право на самоидентификација. Воедно, се предупредува дека бугарските власти и понатаму не ги спроведуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права, поради што македонските организации остануваат без можност за законска регистрација и институционално застапување на своите интереси.

Во декларацијата се наведува дека ваквата состојба директно влијае и врз Македонија, која, според ЕФА, е принудена да го брани сопствениот национален идентитет во рамки на процесот на решавање на билатералните прашања со Бугарија.

Документот се осврнува и на извештајот за напредокот на Македонија подготвен од европратеникот Томас Вајц, при што се посочува дека во Европскиот парламент биле усвоени амандмани со кои биле отстранети формулации поврзани со признавањето и заштитата на македонскиот идентитет.

ЕФА ја повикува Европската Унија поодлучно да реагира и да ја повика Бугарија на почитување на своите обврски во областа на човековите и малцинските права. Од Алијансата бараат и прекин на, како што наведуваат, двојните стандарди во односот кон земјите-членки и земјите-кандидатки кога станува збор за заштитата на националните малцинства.

Во декларацијата е отворено и прашањето за застапеноста на македонската заедница во Националниот совет за соработка за етнички и интеграциски прашања во Бугарија, со барање Македонците да добијат соодветно институционално претставување.

Најконкретното барање во документот е Бугарија официјално да се извини за злосторствата и репресиите извршени врз македонското малцинство во текот на комунистичкиот период. Според ЕФА, таквото извинување треба да биде признание за страдањата на илјадници Македонци кои биле изложени на физичко и психолошко насилство, присилни преселби, затворања и други форми на прогон поради нивниот етнички идентитет и спротивставувањето на политиките на денационализација.

Со усвојувањето на оваа декларација, Европската слободна алијанса повторно го актуализира прашањето за положбата на Македонците во Бугарија, ставајќи го во фокусот на европските дебати за човековите права, слободата на здружување и заштитата на националните малцинства.