Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Една година како Република Македонија замина во историјата- што доби, а што загуби државата?

Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, им порача Заев на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, им порача Заев на Македонците.

11 јануари- точно една година како Македонија замина во историјата, и стана Република Северна Македонија. Со 81 глас „ЗА“ пратениците го променија името на државата.

-Вкупно гласаа 81 пратеник, сите 81 „ЗА“, воздржани нема, против нема. Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија, изјави собранискиот спикер откако беше изгласана промена на името.

Реклама

Покрај пратениците од владејачкото мнозинство „ЗА“ испраќање на Република Македонија во историјата, гласаа и 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои подоцна беа исклучени од партијата. Промената дојде против волјата на граѓаните, по референдум кој беше неуспешен.

-Уставот беше сменет наспроти неуспешниот референдум. И каков сакаат нека го именуваат референдумот, задолжителен, консултативен. Иако е многу чудно да ме консултирате откако ќе постигнете некаков договор. Мора да знаеме дека тој не успеа, изјави вчера во гостување во „Што не е јасно“ на Алфа, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Што доби Македонија од промената на името? Ветувано беше многу, но исполнето речиси ништо, особено на патот на евроинтеграциите. Иако и меѓународната заедница, како и домашните експерти предупредуваа дека треба да се работи на внатрешните проблеми, Заев ветуваше дека со промената на името датумот за старт на преговори за членство во ЕУ бил сигурен.

Овој адут екс премиерот го користеше во кампањата за претседателските избори, за него ветуваниот датум, првично беше сигурен во јуни, но не го добивме ниту во октомври.

-Пред неколку часа се вратив од Берлин. Бев на средба со Меркел, со Макрон, со лидерите од Западен Балкан, со премиерите на Хрватска, на Словенија, Фредерика Могерини. Нашата заедничка земја конечно отвора поглавја, почнува да преговара, велеше Заев во текот на кампањата.

На картата со променетото име, Заев дури уверуваше и дека имал писмени гаранции дека Македонија ќе добие датум.

-Ја добивме писмената правно формална гаранција. Важно беше да добиеме еден ваков заклучок, кој што верувам дека утре, задутре ќе биде потврден и од Европскиот совет, оти сега е само од Советот на министри на ГАК е сериозна гаранција за сите нас, уверуваше Заев.

Но, подоцна заборави на гаранциите.

-Јас сум зборувал за писмени гаранции, ако за нешто писмено сум зборувал, тоа е она што е вградено во договорот од Преспа, каде што се поглавјата, тука е Европа вградена, велеше подоцна Заев.

Пред една година Македонија го изгуби името на картата дека со тоа ќе добие датум за старт на преговори со ЕУ, но доби само Северна Македонија и студен туш од Брисел, како и променети табли на државните институции, а и парите со кои плаќаме добија преименување. Нови имиња добија и државните и јавните институции.

Да живее Република Северна Македонија, порача Заев.

Матеја Петровски