Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Единаесет собраниски комисии ќе разгледуваат законски измени од областа на финансиите, здравството, земјоделството и безбедноста

Собраниските комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледуваат повеќе предлог-закони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниските комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледуваат повеќе предлог-закони од областа на економијата, финансиите, здравството, земјоделството, транспортот, безбедноста, локалната самоуправа и јавната администрација. Најавени се седници на комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за локална самоуправа, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за финансирање и буџет, за култура и туризам, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, како и на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за измените на законите за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод на Македонија, државната статистика, метрологијата и инспекцијата на труд, како и за измените и дополнувањата на законите за основање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Државниот пазарен инспекторат и технолошко-индустриските развојни зони. На дневен ред е и дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се најдат измените на законите за вештачење, административните службеници и извршувањето на санкциите, како и измените и дополнувањата на законите за катастар на недвижности, управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, стручно усовршување и обука на административните службеници, управната инспекција и инспекцискиот надзор.

Реклама

Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледува измените на Законот за класифицирани информации и измените и дополнувањата на законите за управување со кризи и заштита и спасување.

На агендата на Комисијата за локална самоуправа се измените и дополнувањата на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа и Законот за рамномерен регионален развој.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за измените на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Законот за безбедност на храната, како и за измените и дополнувањата на законите за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, за здравјето на растенијата и за Државниот инспекторат за земјоделство.

Пред Комисијата за здравство се измените и дополнувањата на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност и Законот за здравственото осигурување, како и измените на Законот за лековите и медицинските средства.

Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледува Предлог-законот за државната ревизија во прво читање, како и измените и дополнувањата на законите за Фондот за осигурување на депозити, Царинската управа, јавните набавки и Централниот регистар. На дневен ред се и измените на законите за стоковните резерви и за Управата за јавни приходи.

Комисијата за култура и туризам ќе расправа по измените на Законот за употребата на македонскиот јазик.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе се најдат измените и дополнувањата на законите за урбанистичко планирање, архивски материјал и архивска дејност, сигурност во железничкиот систем и внатрешната пловидба, како и измените на Законот за животната средина.

Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и измените на Законот за Регистар на задолжително социјално осигурување.

Законодавно-правната комисија, покрај Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог-законот за државната ревизија во прво читање, ќе расправа и за законските измени што се однесуваат на задолжителните нафтени резерви, државната статистика, јавните набавки, здравственото и пензиското осигурување, урбанистичкото планирање, управувањето со кризи, заштитата и спасувањето, како и за повеќе закони од областа на јавната администрација и инспекцискиот надзор.