Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Балкан

Еди Рама сподели видео со вештачка интелигенција каде тој носи градник и мини-здолниште

Во Албанија со денови траат масовни протести против изградба на хотелски комплекс на заштитен дел од албанското крајбрежје, кој треба да го гради зетот на Доналд Трамп. Протести, освен на изворната локација, секоја вечер има и во главниот град Тирана, каде се скандираат навредливи пораки кон премиерот Еди Рама. Но, тоа очигледно не го вознемирува […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Албанија со денови траат масовни протести против изградба на хотелски комплекс на заштитен дел од албанското крајбрежје, кој треба да го гради зетот на Доналд Трамп.

Протести, освен на изворната локација, секоја вечер има и во главниот град Тирана, каде се скандираат навредливи пораки кон премиерот Еди Рама. Но, тоа очигледно не го вознемирува Рама, кој уверува дека комплексот ќе се гради и покрај противењето на јавноста.

Додека демонстрантите продолжуваат да бараат итно откажување на проектот и укинување на контроверзните закони, Рама се чини сосема рамнодушен, дури и провокативен.

Реклама

Рама на своите канали на социјалните мрежи сподели неколку „омилени“ транспаренти од протестите, а потоа и бизарно видео генерирано од вештачка интелигенција, на кое е прикажан во кожно мини-здолниште и градник, играјќи ја улогата на инфлуенсер кој известува од местото на протестот.

„Кој и да го направил ова, секоја чест за него“, напиша Рама во описот на видеото.