Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра

Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во вредност од 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32 проценти, било посочено на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТСМ.

Според претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања, но и поттик да се продолжи со унапредување на условите за понатамошен раст.

Поздравно обраќање имала и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова која ја истакнала важноста на институционалната поддршка и дигиталната трансформација за развојот на економијата.

Реклама

– Дигитализацијата на фискалните процеси е клучна за понатамошен развој на е-трговијата и за создавање фер и транспарентен пазар. Како институција, остануваме посветени на изнаоѓање практични и лесно применливи решенија за е-фискализација, во тесна соработка со бизнис заедницата. Нашата цел е да овозможиме раст на секторот, притоа намалувајќи ја сивата економија и зајакнувајќи ја довербата кај потрошувачите, истакнала Петрова.

Од Асоцијацијата за е-трговија инфрмираат дека на Собранието било официјално најавено и 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 3 ноември годинава во Националната опера и балет, а на кое се очекува да присуствуваат над 900 учесници од целиот Западен Балкан.

– Дополнително, на Собранието беа презентирани и активностите на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, подружница на АЕТСМ, при што беше истакнато дека во 2025 година се реализирани бројни иницијативи за унапредување на родовата еднаквост, а за 2026 година е најавено и 5-тото јубилејно издание на конференцијата EqualXchange, кое ќе се одржи на 19 мај, информираат од Асоцијацијата.