Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ДЗС: Засилена координација со доброволните противпожарни друштва пред летната сезона на пожари

Со цел поефикасна подготвеност и координација за справување со пожари на отворен простор во претстојната летна сезона, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, одржа два работни состанока со претставници на доброволни противпожарни друштва (ДПД) од земјава.. Како што соопшти ДЗС, на средбите бил ставен акцент на зајакнување на координацијата во системот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел поефикасна подготвеност и координација за справување со пожари на отворен простор во претстојната летна сезона, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, одржа два работни состанока со претставници на доброволни противпожарни друштва (ДПД) од земјава..

Како што соопшти ДЗС, на средбите бил ставен акцент на зајакнување на координацијата во системот за заштита и спасување, со цел поефикасно дејствување при гаснење шумски пожари и при други итни ситуации.

Се разговарало и за унапредување на улогата и капацитетите на доброволните противпожарни друштва, како и за нивно поактивно вклучување во активностите за справување со пожари во текот на летниот период. Дополнително, биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу ДЗС и ДПД преку организирање обуки, тренинзи, заеднички вежби и размена на искуства.

Реклама

Од ДЗС посочуваат дека доброволните противпожарни друштва претставуваат важен сегмент во системот за заштита и спасување, имајќи ја предвид нивната подготвеност, искуство и посветеност во заштитата на граѓаните и имотот.