Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ДЗР констатирал слабости во начин на организација на инспекцискиот надзор од областа на урбанизмот

Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам за 2024 година со која, меѓудругото, констатира слабости во процесот на вршење попис на средства и изворите на средства, неизвршена процена на пазарната вредност на градежните објекти, како и слабости во процесот на пресметка и исплата на плата.

Исто така, ДЗР констатирал несоодветен начин на организација на инспекцискиот надзор од областа на урбанизмот и
недоставени шестмесечни извештаи за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите.

Од Државниот завод за ревизија информираат дека нагласени била прашањата што од 2018 година функцијата директор на ДИГУ ја вршат вршители на должност подолго од законски дозволениот рок од шест месеци, што, според Заводот, создава ризик раководењето со ДИГУ да биде извршувано од страна на лица кои не ги исполнуваат законски дефинираните услови.

Реклама

Било укажано на слабости во процесот на меѓусебна соработка и координација на органите при постапување по претставки и предлози, како и сериозен недостиг на инспектори во ДИГУ што може да доведе до намалена можност за ефикасен инспекциски надзор во областа на градежништвото и урбанизмот.