Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ДЗР: ЕСМ купило адитив за повеќе од 2.000.000 евра, па не го користеле и му поминал рокот

Државниот завод за ревизија утврди еден куп неправилности во јавните набавки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија утврди еден куп неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024 година, период во кој компанијата презела обврски од фрапантни 140 милиони евра.

Извештајот открива дека дури во 93 отсто од постапките учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи. Извештајот утврди системски дефекти низ сите фази на јавните набавки во компанијата. Ревизорите констатираат дека годишните планови за набавки претрпувале постојани измени без соодветни анализи и оправдувања. Оваа практика отворила простор за преговарање без објавување оглас, што директно го намалува пазарниот натпревар и го зголемува ризикот од надувани цени. Најдрастичен пример за неефикасно трошење е набавката на гасен мотор вреден околу 2,8 милиони евра за подружницата Енергетика, спроведена со преговарање во четири очи под изговор за крајна итност. Иако стручните служби предупредиле дека нема просторни и технички услови за негова монтажа, договорот бил потпишан. Моторот бил испорачан со седум месеци задоцнување и до денес не е пуштен во употреба. Државната компанија платила 11,3 милиони денари за монтажа која воопшто не се случила. Сличен дефект ревизијата забележа и во РЕК Осломеј, каде во декември 2023 година бил склучен договор за набавка на адитив вреден околу 2,3 милиони евра. Иако немало законска обврска веднаш да се преземе целата пратка, биле испорачани и платени сите 120 тони. 95 отсто од набавената материја стои неискористена во магацин, а рокот на употреба ѝ истекол уште во септември 2025 година.