Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Џафери го отфрли предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за распуштање на Парламентот

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ најверојатно од утре нема да учествуваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ најверојатно од утре нема да учествуваат во работата на Парламентот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за учество во работата на Собранието, оти власта отстапила од веќе договореното – Законодавниот дом да биде распуштен денес.

„Јас навистина не ја гледав веќе потребата од уччество на ВМРО – ДПМНЕ во работата на Парламентот. Во текот на денешниот ден ќе имаме извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и ќе биде јавноста информирана за следните чекори на ВМРО – ДПМНЕ“, вели Мицскоски.

Предлогот за распуштање на Собранието на 12 април беше доставен од страна на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Оттаму и денеска побараа предлогот итно да биде ставен на дневен ред.

Реклама

„Одлуката беше поднесена поради се поочигледните обиди на СДСМ да проба да избега од договорените избори, иако сите услови за одржување на предвремени парламентарни избори се исполнети“, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Од кабинетот на Џафери пак без конкретен одговор зошто иницијативата не била прифатена? Велат спикерот пред два дена образложил под кои услови ќе го распушти Парламентот. Тој тогаш рече дека собранието можело да работи до крајот на неделава, а потврда за тоа како што вели добил и од ДИК.

„Денот на гласањето е 56 ден. А тоа подразбира 57 ден од гласањето, пред гласањето мора да се има одлука за распуштање на Собранието за да можам со решението за распишување на избори да им ги обезбедам тие 55 дена“, вели собранискиот спикер Талат Џафери.

Неофицијално, иницијативата на ВМРО – ДПМНЕ за распуштање на Собранието на 12 февруари, била отфрлена оти предлогот бил доставен со старото име на државата, што според надлежните било неуставно.

Биљана Божиновска