Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Движењето ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години. 

Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ – истакна Димитриевски.

Реклама

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

„Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ – порача Претседателот на ЗНАМ.

Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви.

„Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ – порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава. 

„Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат: ‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ – порача Димитриевски на крајот од своето обраќање.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.