Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Движење ЗНАМ: Најголемата депонија во Центар е неспособната локална власт на СДСМ

СДСМ, како цела држава, така и во Центар е во тотален распад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, како цела држава, така и во Центар е во тотален распад на идеи, резултати, но очигледно и на нерви. Наместо да одговорат зошто четири години ништо не сработија, зошто премолчуваат на дивоградби кои никнуваат пред нивните очи, тие повторно се вплеткуваат во лаги, спинови и соопштенија напишани во нивните мувлосани партиски канцеларии, далеку од реалноста, се наведува во соопштението од Движење ЗНАМ.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не е против чистење -туку против незаконски акции, злоупотреби и предизборен маркетинг на сметка на граѓаните.

СДСМ тврди дека проектот во Крњево се спроведува според „важечки ДУП“. Ајде да бидеме сериозни.

Реклама

Ако деталниот урбанистички план (ДУП) не е усогласен со актуелниот Генерален урбанистички план (ГУП), тој НЕ МОЖЕ да се применува. Тоа јасно стои во член 35, став 5 од Законот за урбанистичко планирање. Во членот 2 стои дека градежно земјиште на кое не се формирани градежни парцели, што е ограничено со регулациони линии служи за општа употреба
односно за изградба на јавните простори: улици, плоштади, инфраструктури, урбано зеленило и друго.

Ако овој простор според оваа одредба во Законот, е предвиден за сообраќајница според ГУП-от, а не за урбано зеленило (уште помалку и со ДУП-от), како тоа Општина Центар реализира проект според важечки ДУП кој не е усогласен со ГУП на Градот Скопје?

На тие што не им е јасно во членот 11 став 3 од Законот за урбанистичко планирање прецизно е наведено што содржи Генералниот урбанистички план, додека описот на Деталниот урбанистички план е даден во член 13 став 3 и 4 од истиот Закон.

ОТТУКА , ПРАШУВАМЕ:
-КАКО МОЖЕ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ ДА НЕ ГИ ПОЧИТУВА ОВИЕ ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ И НА ПРОСТОР КОЈ СПОРЕД ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН И ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е ПРЕДВИДЕН ЗА ПРИМАРНА СООБРАЌАЈНИЦА – БУЛ. КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА, ДА ТВРДИ ДЕКА ИМА ПРОЕКТ КОЈ Е ПРЕДВИДЕН СПОРЕД
ВАЖЕЧКИ ДУП ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ СО ЗЕЛЕНИЛО, УРБАНА ОПРЕМА И ИГРАЛИШТЕ?

И, кој сега не ги разбира основите?

Очигледно оние што со години го кршат законот, а денес се обидуваат да се претстават како реформатори.

Нема јавна расправа, нема усогласеност со ГУП, нема транспарентност – има само лаги, паника пред избори и фото-акции за спас на рејтингот. Главна особина на владеењето на СДСМ е нивната неспособност. Господа од СДСМ, и сами да се тркате, ќе завршите на второ место. Ете, до толку сте неспособни!

И наместо да чистат депонии на пет дена пред избори, ги облекоа работниците во нови униформи, СДСМ треба да се исчисти сам од лагите, манипулациите и неуспесите што четири години ги затрупуваат граѓаните на Центар.

На 19 октомври, граѓаните ќе направат вистинско чистење – ќе го исчистат Центар од неспособноста на градоначалникот и локалната власт што мисли дека законот е нивна сопственост.

На 19-ти октомври Центар ќе избере Градоначалник кој ќе работи од првиот до последен ден на мандатот, почитувајќи ги законите и јавниот интерес.