Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Двеста семејства од Куманово ќе селектираат пластичен отпад

Двеста семејства од населбата „Зелен рид“ од Куманово добија канти за примарна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двеста семејства од населбата „Зелен рид“ од Куманово добија канти за примарна селекција на пластичен отпад и лименки. Проектот го реализираат ЈП „Чистота и Зеленило“ и Општина Куманово, во соработка со Центарот за климатски промени од Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање. Собраниот отпад ќе го презема колективниот постапувач „Уно продукт“ од Куманово, на секои две недели.

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ, посочи дека станува збор за почетна фаза преку која треба да се провери функционалноста на системот пред негово проширување и во други населби.

„Во оваа прва фаза ќе поделиме 200 канти по домаќинства. Канти се бесплатни и се доделуваат по принцип куќа по куќа. Во нив треба да се селектира пластична амбалажа шишиња од вода и сокови, обоена и необоена пластика, пластични ќеси, како и алуминиумски лименки и амбалажа-изјави Томиќ.

Реклама

Примарната селекција во домаќинствата овозможува отпадот да се одвои уште на местото на неговото создавање, со што се создаваат подобри услови за негово понатамошно собирање и рециклирање. На овој начин се придонесува кон намалување на количините отпад што завршуваат на депониите, поефикасно искористување на ресурсите и постепено воведување на принципите на циркуларната економија во секојдневните навики на граѓаните.

-Граѓаните треба да ги користат за пластика и лименки за да не се меша со комуналниот отпад, за да се воспостави систем на управување со отпад, изјави раководител на одделение за животна средина, Александра Георгиевска Протиќ.

Од Центарот за климатски промени велат дека со вклучувањето на првите 200 домаќинства, се поставува основа за практично функционирање на системот и за негово понатамошно проширување. Учеството на домаќинствата е особено важно за успешно воспоставување на примарната селекција и за создавање одржливи навики за правилно постапување со отпадот на локално ниво.

-Циркуларната економија не можеме да ја обезбедиме без примарна селекција. Овие канти се донација од Министерството за животна средина и, со оглед на нивната намена, сметавме дека е неопходно, заедно со Општината и јавното комунално претпријатие, да ги поделиме меѓу граѓаните-изјави Бојана Станојевска Пецуровска претставник од Центарот за климатски промени.

Активноста претставува конкретен придонес кон спроведувањето на зелената агенда за Западен Балкан на локално ниво, преку унапредување на селекцијата на отпадот, создавање услови за зголемено рециклирање и промовирање на принципите на циркуларната економија.

Активноста се спроведува во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан на локално ниво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.