Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Прилози

Две правни лица од Велешта вршеле ископ во близина на изворите во Шум во Струшко

Две правни лица од Велешта вршеле ископ во близина на изворите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две правни лица од Велешта вршеле ископ во близина на изворите во Шум кои снабдуваат со вода над 20.000 домаќинства во Струга и струшко. Испитувајќи ги причините за енормното загадување на извориштето, иако постои забрана за вршење на земјени работи, истражните органи живи ги фатиле додека со машини вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите.

”Поради сомненија за кривични дела – незаконита експлоатација на минерални суровини и загадување на водата за пиење, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето”, велат од ОЈО Струга

Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на загадување на изворите во кои е пронајдена ешерихија коли и ентерококни бактерии од фекално потекло. Матноста на водата периодов беше зголемена над 20 пати повеќе од дозволеното. И додека се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје во Скопје каде се врши проширена анализа со цел, меѓу другото, да се испита и радиокатвноста, надлежните алармираат да се превземат итни мерки за санирање на состојбите.

Реклама

”Оние ископини што се направени, така е земјата растресена, не е набиена и водата од врнежите понира долу и автоматски со себе носи и честички од земјата. Па некои дупи се со длабочина од 25 метри. Уште малку до долу ќе слезеле и извор да немаат стружани и вода. Да се исполнат овие дупки” – вели Лидија Симоноска – Центар за јавно здравје Охрид.

Одговорност побара и заменик министерот за правда Ален Деребан. Станува збор, вели, за кривично дело нелегална експлоатација на минерални суровини кое не смее да помине неказнето бидејќи оние кои што го вршеле тоа дело немале никаква дозвола ниту концесија за работа.

“Под значителна штета кривичниот законик подразбира штета или корист во висина од 50 просечни плати, за тоа дело е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Работа на обвинителството е во оваа предистражна постапка да пронајде докази со кои ќе утврди причинско-последична врска на нелегалната експлоатација со загадување на изворите за пиење” – вели Ален Деребан, заменик министер за правда.

Водата од градскиот водовод половина месец е забранета за пиење, стружани купуваат флаширана вода. За илустрација, само еден диструбер дневно испорачува околу 15 тони вода за потребите на стружани.