Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Две од десет деца од Куманово со проблеми со видот

Околу  осумстотини првачиња од Куманово биле опфатени со скрининг-прегледите на видот, спроведени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу  осумстотини првачиња од Куманово биле опфатени со скрининг-прегледите на видот, спроведени во периодот од 15 мај до почетокот на септември, годинава. Резултатите,  како што информираше началничката на очното одделение д-р Бојана Георгиевска-Димовска, покажале дека кај дел од децата има рефракциски аномалии, меѓу кои миопија или кратковидост, хиперметропија ( далекувидост) и астигматизам, заматен или искривен вид, а биле регистрирани и случаи на страбизам. Скринингот покажал дека на дневно ниво во просек кај околу две деца е утврдена некаква рефракциска аномалија.

-Скринингот ни укажа на појава на рефракциски аномалии кај децата. Имаме миопија, хиперметропија, но и астигматизам. Астигматизмот може да биде вроден, но може да биде и стекнат, а стекнатите промени ги поврзуваме и со предолгото користење на електронски уреди, особено кога тие се користат на многу кратко растојание- вели Георгиевска-Димовска.

Таа посочува дека сè почесто родителите забележуваат и симптоми како црвенило, чешање и замор на очите кај децата. Таквите тегоби може да се поврзат со продолженото гледање во екрани и појавата на таканаречен компјутерски визуелен синдром. Особено внимание, според офталмолозите, треба да се посвети на начинот на кој децата ги користат мобилните телефони и таблетите, односно на времето поминато пред екран и на растојанието од кое гледаат.

Реклама

-Доколку детето постојано го доближува телефонот или тетратката до очите, тоа е еден од знаците дека треба да се направи офталмолошки преглед. Родителите треба да реагираат и доколку детето се жали дека не гледа јасно или има други тегоби со очите- вели Георгиевска-Димовска.

Значењето на скрининг-прегледите е особено големо кај најмалите деца, бидејќи тие често не се свесни дека имаат проблем со видот. Детето може да мисли дека начинот на кој гледа е нормален и затоа да не се пожали дека гледа заматено. Кај децата кај кои била утврдена потреба од корекција, проблемот најчесто може да се надмине со соодветни диоптриски стакла. Кај дел од децата, пак, бил утврден страбизам, поради што биле упатени на дополнителни прегледи во терцијарна здравствена установа за да се утврди соодветниот третман, вклучително и можноста за вежби или хируршки третман.

Од очно одделение Куманово, апелираат родителите да не ги занемаруваат превентивните прегледи, дури и кога детето нема очигледни проблеми со видот. Раното откривање на рефракциските аномалии овозможува навремена корекција и следење на состојбата. Дополнителен проблем е тоа што децата, особено во периодот на пубертетот, може да имаат побрзи промени во диоптријата. Георгиевска-Димовска посочува дека кај некои деца миопијата може значително да напредува, од почетен мал минус до високи диоптри, што претставува дополнителен ризик за здравјето на окото.

Докторката препорачува да се ограничи времето кое децата го поминуваат пред мобилни телефони, таблети и други екрани, да внимаваат на растојанието од кое ги користат уредите и при појава на каков било сомнителен симптом навреме да побараат офталмолошки преглед.