Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Две недели хирушките сали затворени – здравствениот систем се подлабоко тоне

Хаосот на Хирушките клиники не го загрижува организацискиот директор на Торакална. Алфа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаосот на Хирушките клиники не го загрижува организацискиот директор на Торакална. Алфа дознава дека тој и неколку соработници од Хирургија шетаат на службено патување на Азурен Брег.

Од Министерството за здравство не добивме одговор зошто во вакви алармантни ситуации, директори од најпогодените Клиники одат на службени патувања.Додека стотици пацинети се оставени на цедило.

За овие две недели, откако салите за операции не работат поради хаваријата со  кислородните пумпи, се одложени повеќе од 700 операции од различен вид.

Реклама

Ако се земе во предвид дека во 18-те хирушки сали на Клинички, дневно се прават по најмалку три оперативни зафати тоа се 54 операции дневно. Овој број помножен со 13 дена, покажува дека изгубени се 702 операции.

За жолчка, слепо црево, колк или протези на колено пациентите остануваат “на чекање” бидејќи во ГОБ 8-ми септември и Свети Наум Охридски се оперираат само итни случаи. Извори на Алфа, од двете установи, брифираат дека на Клиника се оперираат повторно селективни случаи, додека сите итни се препраќаат во двата хирушки центри.

Од 8-ми септември велат дека дополнителен проблем е тоа што при крај се и со материјали.Кои се неопходни за хирушки зафат.

И додека вработените на хирушките клиники немаат поим кога ќе почнат со интервенции, најпогодени се пациентите кои со месеци чекале да се најдат на листата.

Од докторите, единствен загрижен е директорот на хирушката болница Св Наум Охридски. Тој пред два дена алармираше дека ни се заканува сериозен колапс на системот ако хирушките сали не почнат да функционираат.

Досега, ниту еден од директорките на хирушките клиники не изустија збор во јавноста да им дадат поддршка на пацинетите, но и да побараат од здравствените власти што поскоро да се реши проблемот.

13 ден не работат операционите сали и сите ги чекаат анализите од Германија кои трерба да покажат од каде е смрдеата во хируршкиот блок.