Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Економија

Дурмиши: Западен Балкан има потенцијал – потребна е доверба за да се претвори во раст

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на „Kosovо Finance Forum…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на „Kosovо Finance Forum 2026“, каде се обрати на тема „Градење доверба на финансиските пазари во Западен Балкан“, информираат од неговиот Кабинет. 

Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакнал дека довербата е клучен предуслов за инвестиции, економски развој и стабилност, особено во време на динамични економски и геополитички промени. Тој нагласил дека европската интеграција останува наша стратешка цел и главен двигател на економските реформи, насочени кон создавање предвидлива, транспарентна и конкурентна економија.

Како што се наведува во соопштението, министерот посочил дека пристапот до финансии е од суштинско значење за индустрискиот развој, при што Владата активно работи на креирање политики што поттикнуваат инвестиции, отворање нови работни места и развој на модерни индустрии. Во таа насока, фокусот е ставен на дигиталната и зелената трансформација, како клучни двигатели на економскиот раст.

Реклама

-Дурмиши информираше дека преку нови финансиски инструменти, грантови и ко-инвестициски механизми се олеснува пристапот до капитал, особено за малите и средни претпријатија, кои претставуваат столб на економијата. Дополнително, со формирањето на Агенцијата за иновации и развој – ИНОВА, се зајакнува институционалната поддршка за иновации, истражување и развој – рекол тој.

Дурмиши најави дека со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кои ќе стапат во сила од 2026 година, ќе се воведе систем што ќе ги стимулира инвестициите со висока додадена вредност, нови работни места и технолошки напредок.

Во делот на пазарот на труд, министерот истакнал дека се обезбедени 40 милиони евра за активни мерки за вработување, насочени кон младите, невработените и поддршка за претприемништво, со цел создавање квалитетни и одржливи работни места.

Посебен акцент бил ставен на секторите со висока додадена вредност, како што се информатичко-комуникациските технологии (ICT) и секторот за деловни процеси (BPO), кои се препознаени како клучни за економската трансформација и зголемување на конкурентноста.

Министерот Дурмиши ја нагласил важноста на регионалната соработка, посочувајќи дека земјите од Западен Балкан заеднички можат да создадат конкурентен и атрактивен пазар за инвеститорите. Во тој контекст, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан бил оценет како историска можност за забрзување на реформите и економскиот развој.

– Западен Балкан не е само регион – тој е економски потенцијал. Нашата задача е тој потенцијал да го претвориме во инвестиции, иновации и одржлив раст – порача министерот Дурмиши.

Министерството за економија и труд останува посветено на креирање политики што ќе ја зајакнат довербата во институциите, ќе поттикнат инвестиции и ќе обезбедат стабилен и инклузивен економски раст, се наведува во соопштението.